Според мене нашата, сакана основателка беше вистински пример и образец на послушност – послушност карактеристична само за малите!
„Во однос на заветот послушност, нашата мила настојничка го исполнуваше извонредно. Секогаш и насекаде таа им беше послушна на своите настојници, а послушноста ѝ беше толку совршена и целосно предана што никогаш во ништо не им противречеше.“ Друга сестра додава: О колку беше предана нејзината послушност! Таа исполнуваше сѐ што ќе ѝ се наредеше. Голем впечаток ми направи кога разбрав дека го напушта Паљурци за да оди во Солун, за да се посоветува со своите настојници. Во такви случаи, таа не обрнуваше внимание на времето – дали е убаво или лошо кога тргнуваше ни велеше: Треба да одам, послушноста ме вика, – на друг начин не можам да постапам. Кутрата наша мајка, колку пати тргнуваше во лошо, неможно време, за да се советува, да побара совет од своите настојници како би требало да постапи во дадени моменти. Пред тргнување, таа на сите ни кажуваше: – Заминувам во името на Господа, а вие – молете се многу и добро за моите намери и бидете секогаш добри!
„Нашата добра настојничка, воопшто, за сѐ се советуваше со своите настојници и ништо не правеше без нивна дозвола и согласност.“
А третата сестра додава: – Совршено послушна на своите настојници – доволно беше отец Лобри или нејзиниот брат, отец Јосиф, да наредат нешто или да напишат нешто – тоа за неа беше наредба дадена од Господ и тоа ѝ беше доволно.
А четвртата сестра вели: – Според мене, нашата сакана основателка беше вистински пример и образец на послушност – послушност карактеристична само за малите!
(текстот е извадок од книгата Животот на Еврозија Алоати сестра Марија Христина Исусова од Отец Јосиф Алоати свештеник од мисијата на отците Лазаристи)
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк