Семејството – татковина на душата

Семејството – татковина на душата

Речиси секојдневно се затекнуваме вчудоневидени пред количината на бездушност во светот. Притоа мислам и на онаа сеопфатна бездушност која ги зафаќа повеќето, деловите на човековиот свет, и на онаа бездушност, на изглед со ограничен досег, која на посебен начин се втемелува во одреден простор, во одредена цивилизација. Понекогаш таа бездушност е сосема воочлива, понекогаш прикриена, но не помалку злобна и разорна.

Од каде толку бездушност во овој свет? Толку бездушност која плаши, која нѐ наведува на тоа да се затвориме во своите мали светови и да се огласиме како беспомошни за било каков потежок потфат на прагот на нашиот дом? Добро е да се знае дека и стравот и затворањето во себе се намери на бездушноста. Имено, со својот страв и затворање ние отвoраме новите простори на бездушноста, а сами себе уште повеќе се наведуваме во нови стравови и нови затворања.

Но, што е со душата на нашето семејство? Со бездушноста во нив? Како ние ги живееме своите семејни живот? Пред сѐ колку едни со други се забележуваме?

Име на љубовта

Фра Бонавентура Дуда знае да каже дека љубовта е стоимена, а дека оние кои живеат во брак најдобро знаат дека едно од првите нејзини имиња е трпеливоста. Лично би сакал да истакнам уште едно нејзино име: почит. Почитта е темел на сите човечки односи. Дури и толку што може да се утврди дека таму каде што нема почит, нема ниту човечки односи.

Човекот, за да биде човек, мора да се зазема за достоинството, подеднакво и за туѓото и за сопственото. Не правам ли добро, го навредувам ли туѓото достоинство, ги нарушувам ли со својот живот односите со другите, можеби и пред сѐ и своето човечко достоинство.

Светост на односите

Вообичаено е да се каже дека семејството е мала Црква. Црквичка. Црква во мало.

Истото, секако, ќе биде – пред сѐ, соодветно да се каже тоа и за бракот. Црква во мало, црквичка, како простор за средба на човекот со Бог, со самиот себе и со другиот човек. Во таа смисла секој однос помеѓу луѓето би требало да биде црквичка. Секој однос би требало да биде свет, да ја препознае светоста. Да го направиме возможно. Да го будиме она најдобро во секој.

Бракот како однос на вљубените

Кога ми се пружи прилика – или неприлика – да кажам некој збор на нечија свадба, честопати знам да кажам: „Сакам ова да ви биде најлошиот момент во вашиот брак.“ Ги збунувам луѓето со овие зборови. Помалку и намерно. Па, велат, денот на венчавка е најубавиот ден во животот на брачниот пар. А јас со тоа не се согласувам. Длабоко верувам дека секој следен ден мора да биде поубав и посодржаен – било да е тежок и со повеќе барања или болен. Да се живее значи да се расте. Да се расте низ сите денови.

Ме боли кога некој на младенците им вели: „Сочувајте ја љубовта за сите свои денови. Добро распоредете ја за да биде до крајот на вашиот живот.“ Бидејќи не постои поразумен начин за справување со љубовта освен расипноста. Да се биде човек во полно значење на овие зборови значи да се биде расипан во љубовта. Љубовта се гледа во односот во човековиот живот. Надвор од тој однос го нема. Така и во бракот влегуваат личности, не улоги. Не се тоа две истории кои во иднина ќе бидат една за друга, туку две истории прегрнати, историја која на овие две истории ќе им даде нова димензија.

Во своето „Писмо до семејствата“ папата Иван Павле II пишува: „Семејството е имено заедница на личности, на кои сопствениот начин на постоење и заедничкото живеење им е токму заедништвото… Само личностите се способни да постојат во заедница.“ Заедништвото може да биде само помеѓу личностите, меѓу луѓето кои созреваат. Чијшто односи созреваат. Созревањето на личностите и заедништвото меѓу себе е поврзано, едно со друго се овозможуваат и поддржуваат.

Бракот како Божји однос со вљубените

Бракот истовремено е и однос со Бог. Бог е, имено присутен во бракот преку светата Тајна со која го благословил. Меѓу останато, и самата негова присутност е благослов. Блазе на оние кои неговата благословена присутност знаат да ја препознаат и во неа да живеат! Затоа што Божјата присутност додава нови, скапоцени простори во животот во бракот. Таа го прави поодреден и изразит.

Бог влегува во обичноста на животот во бракот. Не во некој издвоени и возвишени моменти. Него го интересира сѐ што е во животот бракот. Нему му е за сѐ грижа. Никогаш не се наметнува, но е секогаш расположлив. Неговата расположливост не сака да кажеш: „Гледаш, ја чекам, а ти не се грижиш.“ Неговара расположливост вели: „Ти можеш да бидеш она што си. Немој да се задоволуваш со помалку од тоа. Вие можете да бидете едно. Вие можете да бидете среќни. Немојте да се задоволите со помалку од тоа.“

Бракот како согласност на достоинство и среќа

Луѓето не ретко оние, кои со сето срце сакаат да ги направт среќни оние со кои живеат, оние за кои им е грижа и сакаат да бидат едно, настојуваат да ги омаловажуват. Го прават тоа, не свесно и поради тоа би ја оправдале својата тромост и својата немарност, своето незадоволство и својата себичност. Се случува, дури, брачните партнери да се поддржуваат едни со други во своите себичности. Тогаш секој од нив живее во свој свет и нивните светови не се сретнуваат.

Среќата никого не понижува, ниту некој може да се понижи, правејќи напори околу туѓата среќа. Среќата е во согласност со човековото достоинство. Затоа секој кој нема доволно причини и време за својата среќа и за среќата на своите, му се заканува на своето достоинство, а потоа и на нивното.

Секако, човековиот живот не се состои само од среќата. Но, што и да било, што и да донесе животот, преку сѐ што е можно треба да се помине исправено, ако човекот ја искусил среќата. Ако и се одѕвел, ако ја дели во заедништво со оние со кои што живее. Пред сите – со својата жена, со својот маж. Со своите најближни.

Личноста и бракот

Се осудувам овде на еден, можеби необичен, начин да ги протолкувам Исусовите зборови напишани во Евангелието: „Сеќавајте се на Лотовата жена. Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби; а кој ја погуби, ќе ја оживи“ (Лука 17, 32 – 33). Кој го сака својот живот, својата приватност да ја сочува во бракот ќе се изгуби себе и својата личност и својот брак. Напротив, кој е подготвен да се изгуби себе и сѐ свое за на својот брак да му овозможи да живее во полн живот, не само што ќе биде благословен бракот, туку и ќе има своја личност, свои способности и свои добри склоности, ќе може да се развива на еден убав начин.

Брачен / семеен менталитет

За жал, многу луѓе живеат во бракот, во семејството, а не се ниту свесни за значењето и вредноста на тој живот. За личната зрелост, за зрелоста на своите односи неопходно е да се стекне бракот, семејниот менталитет. Својот живот, своите мисли, своите зборови, своите дела битно да се одредат во бракот, семејството. Јас повеќе не можам да бидам некој во светот, ако сум никој во бракот, во семејството. Вистината за мене е онаа вистина која ја живеам во бракот, во семејството. Таа не може да биде поубава. Доколку е наизглед убава, тоа е привид. Јас неможам да бидам некој, ако не сум некој за своите. Јас не можам да бидам некој, ако моите за мене не чувствуваат дека сум некој. Како личност достојна за почит. Како сакана личност.

Немам намера да го идеализирам животот во бракот, во семејството. Но, уживајќи ја целата човечка непостојаност, длабоко верувам дека човекот не смее да прифати средина. Делумност. Дека не смее да се откажува.

Меѓугорје-инфо/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот