Семејството е главниот протагонист за целосна екологија

Во наговорот за време на Генералната аудиенција на 30 септември Светиот Отец се осврна на најважните точки од своето апостолско патување во Куба и САД, истакнувајќи го посебно главниот мотив за своето патување: 8. Светска средба на семејствата.

Божјото милосрдие е поголемо од секоја рана, конфликт и идеологија – рече денес Светиот Отец во својот говор пред собраните ходочасници на плоштадот Свети Петар за време на Генералната аудиенција. Папата веднаш на почетокот најави дека аудиенцијата ќе се одвива на две места истовремено: на плоштадот и во салата Павле VI каде што се наоѓаат болните кои се таму заради влошувањето на временските услови.

Повтори дека неговата апостолска посета на Куба и САД беше концентрирана на 8. Светска средба на семејствата. Во Куба сакав да го прегрнам целиот кубански народ без исклучок за да ја истакнам трансформирачката сила на Божјите милости и за да ја обновам надежта која ја искажа свети Иван Павле II дека Куба ќе се отвори за светот и светот за Куба – рече цитирајќи го светецот.

И да нема повеќе затвореност, отфрленост и сиромаштво, туку слобода во достоинството. Тоа е патот кој го прави срцето на толку млади во Куба да вибрира: не пат на затајување и лесно да се добие, туку пат на одговорност, служење на ближниот и грижа за оние кои се кревки. Тоа е патот кој својата сила ја црпи од христијанските корени на кубанскиот народ кој толку стрдал; патот на кој посебно ги поттикнав свештениците и монасите и монахињите, студентите и семејствата. Нека Светиот Дух со застапувањето на Пресвета Марија направи да порасне семето кое сме го посеале – рече папата Фрањо.

Како знак на надеж и градење на нови мостови – рече Папата – отпатував потоа во Вашингтон каде што – обраќајќи се на властите – потсетив за придонесот на американската традиција за слободата на религијата, придонес и за самиот живот на таа земја. Папата понатаму потсети како пред Обединетите нации во Њујорк го обнови поттикот на Католичката црква на таа институција за нејзиното настојување околу промовирањето на мирот, праведноста на целосниот човечки развој и грижата за создаденото. Го повторив исто така својот апел за запирање и превенција на насилството над етничките и верските малцинства и над цивилното население – рече Светиот Отец.

Папата потоа ги спомна и другите значајни настани од својата апостолска посета како што е молитвата за мир во меморијалниот центар Граунд Зеро, славењето на свечената Евхаристија за мир и праведност во Мадисон Сквер Гарден и канонизацијата на свети Џуниперо Сера.

Светиот Отец потоа го нагласи и самиот врв на оваа апостолско патување, а тоа е Светската средба на семејствата во Филаделфија. Таму ја прославивме – рече – убавината на Божјиот план за семејството која – како плоден сојуз помеѓу мажот и жената – е клуч на иднината и вистинската благосостојба и солидарност за светот.

Папата исто така предупреди на двојниот предизвик: поделеноста и ширењето две крајности кои меѓусебно се поддржуваат и заедно живеат, поддржувајќи го така консумерскиот економски модел. Одговорот на овој предизвик е семејството, бидејќи тоа е основна клетка на општеството кое ја балансира личната димензија и димензијата на заедницата и во исто време може да биде модел на одржување и управување со добрата и резервите на создаденото – истакна Светиот Отец и продолжи….

Семејството е главниот протагонист за целосната екологија затоа што е спротивен субјект кој го содржи во себе самото двојно начело и темелот на човечката цивилизација на земјата: начелото на заедништво и начелото на плодност. Библиската слика за човечноста ни е преставена со сликата на човечки пар кој е обединет и плоден од Бог поставени во рајската градина за да ја чуваат и уредуваат.

По читањето на резимето и поздравот, Папата поздравувајќи ги бројните ходочасници посебно со радост ги спомна почитувачите на света Рита од Каские, кои за благослов во Рим донеле 6 метри висока статуа на света Рита. Со благословот на оваа голема статуа на светицата сите ги повикувам на големиот Јубилеј на милосрдието; повторно да го прочитат нејзиното изворедно човечко и духовно искуство како знак на моќта на Божјото милосрдие.

Посебни мисли упатувам на младите, болните – кои денес во голем број нѐ следат од салата Павле VI – како и на ново венчаните парови. Денес го славиме празникот и на свети Ероним. Драги млади неговата страст кон Светото Писмо нека направи да се заљубите во Книгата на животот; драги болни неговата строгост нека со смисла ги исполни вашите страдања. Драги сопружници нека неговата духовна желба ја зацврсти верата во вашиот нов дом – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот