СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Трет ден: Душата, пријателка на Пресветото Срце

Верноста во љубовта се покажува во тешкотиите. Ако желбата на Срцето Исусово е можеби токму во текот на овој ден да поднесеш голема жртва, покажи Му, преку великодушното прифаќање на оваа чаша, дека сакаш да Му бидеш верен, како во тешките времиња, така и во времињата на благосостојба.

Верноста во љубовта безброј пати се докажува преку верноста во малите работи, зашто ништо не е мало ако се прави со голема љубов, па дури ни подигнувањето на сламка од земја.

Воздржи се од еден збор, од еден гест, од еден поглед, дури и кога не чувствуваш претходен поттик на љубов. Така, со текот на времето, ќе започнеш да делуваш во љубов. Исус, гледајќи дека си верен во малите работи, ќе те воведе во поголемите. Тоа значи дека ќе ти бидат дарувани избрани милости, кои се зачувани за светителите.

Срце на верниот Пријател, Тебе Ти го предавам своето сиромашно срце, срце на кое Ти си живот и чиста радост.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот