Ватикан ја објави темата за Светскиот ден на молитва за грижа за созданието во 2026 година
Дикастеријата за промовирање интегрален човечки развој ја објави темата што папата Лав XIV ја избра за Светскиот ден на молитва за грижа за созданието во 2026 година, кој се одбележува на 1 септември: „Ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови“ (Исаија 2,4).
Папата Лав XIV ја избра темата „Ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови“ (Исаија 2,4) за Светскиот ден на молитва за грижа за создаденото во 2026 година, кој традиционално се одбележува на 1 септември.
Во соопштението со кое ја објави темата, Дикастеријата за промовирање интегрален човечки развој наведува дека пораката на Светиот Отец за овој ден ја истакнува поврзаноста меѓу вооружените конфликти и уништувањето на животната средина.
Таквото уништување, се нагласува во соопштението, претставува сериозно прекршување на нашата должност да се грижиме за создаденото, но и долгорочна закана за животот на стотици милиони луѓе.
Дикастеријата посочува дека, иако денес постои широко распространета свест за влијанието на војната врз природните ресурси, тоа сè уште не довело до создавање соодветни институции или до одговорни одлуки насочени кон спречување конфликти и мирно решавање спорови.
Во заклучокот на соопштението се наведува дека избраниот библиски стих, во кој пророкот Исаија го навестува преобразувањето на оружјето во земјоделски алатки, е „јасна покана да им се даде предност на развојот и одржливоста пред насилството и уништувањето“.
Ватикан њуз/к.мк
https://www.vaticannews.va/en/vatican-city/news/2026-06/vatican-theme-2026-world-day-of-prayer-for-the-care-of-creation.html

