СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Втор ден: Душата, служителка на Пресветото Срце

Исус те откупи со цената на Својата крв, затоа не живеј повеќе за самиот себе, туку само за Него. Биди Негов пријател преку љубовта. Ослободи се од сите други ропства и од сите стравови; не оддалечувај се, туку дозволи Му да ти се приближи Оној Кого единствено Го љубиш.

Ништо не е толку слатко како јаремот на љубовта. Биди подготвен со радост да ја изгубиш својата слобода, за да можеш целосно да се предадеш на ова возвишено служење. Навистина, не можеш оскудно да љубиш, слабо да делуваш и без храброст да страдаш за својот Учител, Кој самиот е Љубов. Навистина, ќе го добиеш во посед она што е највозвишено, но не заборавај дека на тој пат е важно да имаш доверба: истата таа Љубов ќе биде твоја сила.

Како внимателен слуга, во текот на овој ден погрижи се да ја исполниш и најмалата желба на Учителот; да одговориш и на најтивкиот повик на вдахновението на кој можеш да се одзовеш. Не одбивај ништо на Љубовта, а биди подготвен сè да ѝ одречеш на својата природа. Важно е да одлучиш дали ќе бидеш слуга на Првиот или на второто. Ако, пак, не си задоволен да бидеш Исусов слуга, ќе бидеш многу незадоволен од самиот себе. Бегај од таква несреќа!

Приврзи ме, Господи, нежно за Себе! Не можам да љубам ниту да служам никому и на ништо друго освен на Тебе.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот