СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Дванаесетти ден: Душа, која е верна на љубовта кон Пресветото Срце

Срцето Исусово, избирајќи те за Свој верен пријател, сака да ти се даде Себеси како тврдина против илјадници падови и слабости што ќе го забавуваат твојот од кон совршенството.

Затоа, уште од самото утро приближи се потполно до добриот Учител, како што доенче се привива до својата мајка. Во тоа ќе те поддржува моќната рака на нашиот Господ.

Кога ќе направиш некоја грешка, со доверба и љубов најди се покрај Него, особено откако ќе побараш прошка за направениот грев. Твојата духовна вежба во текот на овој ден ќе се состои во тоа да не дозволиш твоите безбројни недостатоци да те обесхрабрат; да имаш трпение со себе; никогаш да не тргнеш по бескорисни лажни патишта и да не станеш огорчен на себе.

Со еден збор, никогаш не напуштај Го Исус, ниту за миг. Живеејќи далеку од Исус, ќе доживееш само неуспех.

Да, јас сум немоќен и ранлив, но се надевам во Тебе, мој Учителу. И јас Те љубам!

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот