Во просториите на парохијата „Свети Никола Чудотворец“ во Секирник на 5 февруари 2024 година се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија на која присуствува и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.
Духовната обнова започна во црквата со молење на Шестиот час, а потоа следуваше предавање кое го одржа струмичкиот капелан отец Трајче Ташев на тема: „За бракот и за оние што не се во брак“, осврнувајќи се на седмото поглавие од Првото послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните.
За време на светата Бројаница и размислување присутните имаа можност за света Исповед, а потоа Н.В.П. монс. Киро Стојанов, ја предводеше светата Литургија, а проповедаше катедралниот парох протојереј ставрофор отец Спасо Ристов.
Духовната обнова заврши со агапе и заедништво.
к.мк