Пред 17 години, во 21.37 часот, светло се изгасна во работната соба на папата Иван Павле II. Тоа беше знак дека Карол Војтила се пресели во небесна татковина. Тие денови покрај неговиот одар поминаа околу три милиони верници, а на неговата беатификација на 1 мај 2011 година учествуваа речиси половина милион луѓе. Папата Фрањо го прогласи за светец на 27 април 2014 година.
Тој голем папа, кој управуваше со коработ на Петар 26 години, со своите 104 патувања поминал речиси низ целиот свет. Беше жртва на атентатот на Мехмет Али Агџа, но сепак, благодарение на заштитата на Богородица, успеа да преживее. Неговата смрт остави длабока празнина меѓу верниците, но неговиот карактер ќе остане трајно втиснат во срцата на оние кои имале среќа да го запознаат, а уште повеќе во оние кои имале можност да се сретнат со него.
Ниту еден Папа не се сретнал со толку многу луѓе: повеќе од 16 милиони поклоници присуствувале на повеќе од илјада Генерални аудиенции во среда, не сметајќи ги специјалните аудиенции и славења. Само за време на Големиот јубилеј во 2000 година, повеќе од 8 милиони поклоници отидоа на ходочастие во Рим.
Покрај тоа, Папата се сретна со милиони луѓе за време на неговите патувања низ светот. Севкупно, повеќе од 300 милиони луѓе го сретнале папата во Ватикан или на неговите меѓународни патувања, на кои тој поминал растојание речиси еднакво на трипати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Месечината. Има и многу луѓе од власта кои биле примени од Папата во аудиенција. Доволно е да се потсетиме на 38 официјални посети и 650 други аудиенција или состаноци со шефови на држави, како и 212 пубаудиенциилика и средби со премиери од различни земји.
Тој прогласил 1338 нови блаженици и 482 нови светители. Ова е повеќе од сите Папи пред него заедно, кои прогласиле вкупно 302 светци (…)
Вечниот Бог го повика во својот дом во сабота на 2 април во 21.37 часот. Во времето на смртта на Иван Павле Втори, кој почина во приватните простории во Ватикан, со дух и молитва го придружуваа верници ширум светот, особено стотици илјади на плоштадот Свети Петар, а испраќањето на Папата преку медиумите беше проследено во целиот свет.
Битно нет/к.мк