Во интервју за италијанската телевизија Канале 5, кое беше емитувано во недела 10 јануари 2020 година, папата Фрањо истакна дека пандемијата не е време за жетва, туку дека е време да сееме за општо добро. Во продолжение пренесуваме краток коментар за теме земена од интервјуто.
Единството е клучен збор во интервјуто на папата Фрањо. Јасно им кажува на извршните директори, политичарите и на сите нас дека е време да го избришеме зборот ‘Јас’ и да го напишеме зборот ‘НИЕ’. Дури и ако пандемијата ни ги одзема можностите, таа нè повикува да не се грижиме затоа што животот ќе ни даде други. Папата повикува да не се збогатуваме во кризата на сметка на најслабите.
Со силен глас тој нè повикува да сееме патишта на надеж, потсетувајќи дека надежта е посеана со блискост.
Папата неколку пати повторува дека никој не се спасува сам. Ако не сме блиски, никој нема да се спаси.
Тоа нè потсетува дека верата не може да се добие со сопствена сила, бидејќи тоа е дар што ни го дава Господ. Таа е бесплатен дар, не може да се купи, но за да го добиеме тој дар мора да ги отвориме срцата.
Светиот Отец нè повикува да го замолиме Бога за дарот на верата. Ние сме народот Божји најблизок до човечката историја. Бог го испрати својот Син на земјата, правејќи го да стане човек како нас.
Нема место за критика во ова интервју, тој зборуваше како што би зборувал меѓу пријателите, со многу нежност кога искрено најавува дека се пријавил за да се вакцинира.
На крајот, тој посака да ја искористиме оваа пандемија и се надева дека ќе не направи сите подобри.
Интервјуто го завршува, повторувајќи дека единството е поголемо од конфликтот и поканува да се молиме повеќе.
Ви благодариме папа Фрањо.
Џузеппе Лодато