Свештенството и монаштвото упатија честитки за Божиќ до бискупот Стојанов

Свештенството и монаштвото упатија честитки за Божиќ до бискупот Стојанов

На 23 декември 2016 година, свештеници и сестри од Скопје во бискупската резиденција му ги честитаа божиќните празници на Скопскиот бискуп и Апостолскиот егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов.

Во име на сите присустни се обрати сестра Кристина, од сестрите Мисионерките на Љубовта, која честитајќи му на бискупот Стојанов истакна дека треба да бидеме благодарни на Господ за изминатата година, како и за благодатите добиени преку бројни средби и настани.

Таа ги спомна важните настани за Католичката црква во Македонија, како што е посетата на државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин, одбележувањето на канонизацијата на Мајка Тереза во „Денови на света Мајка Тереза“, како и завршната Миса на плоштадот Македонија, предводена од папскиот претставник за прославата, кардинал Винко Пуљиќ, сараевски надбискуп. Тие и многу други настани нè соединуваа во минатата година и сега сакаме заедно да ги ставиме пред Малиот Исус во пештерата.

Истовремено сестра Кристина, посакувајќи му благословен и среќен Божиќ на бискупот Стојанов му се заблагодари и за неговата пастирска грижа.

Бискупот Стојанов се заблагодари на честитката и на присутните им посака преку божиќни празници да го препознаат Новородениот Исус во сиромашните и отфрлените, како што нѐ повикува папата Фрањо.

Средбата заврши со божиќните песни и заеднички коктел.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот