Светците за душите во чистилиштето

Светците за душите во чистилиштето

Светците за душите во чистилиштето: ‘Кога би знаеле каква моќ имаат бедните души, не би ги заборавиле.’

Често молете се за бедните души во чистилиштето, бидејќи ќе спасите многу души, ќе му омилете на Господа и по нивното идно посредување пред Господ, ќе изобилувате со овоземски и вечни добра.

Свети Тома Аквински рекол: „Од сите молитви кои најмногу му се допаѓаат на Бога се молитвите за покојните, бидејќи во себе вклучуваат духовни и телесни дела на милосрдието.“

Големите теолози како што се свети Алфонсо Лигуори и Роберт Белармин потврдуваат: „Може, а уште повеќе, треба со цврсто уверение да се повикуваат душите во чистилиштето и да се моли за нивно посредување за да би примиле од Бога милости кои на човекот му се потре бни за душата и телото.“

Свети Роберт Белармин вели: „Бедните души го молат Бог за нивните застапници да им ги прости гревовите кои ги направиле, да им помогне да ги надвладеат искушенијата и да им додели милости кои им се потребни.“

Света Катерина од Болоња на своите сосестри им рекла: „Ако сакам да ја примам било која благодат, тогаш ги молам бедните души во мое име да се молат за тоа и по нивното посредништво секогаш го примам тоа што сакам.“ Светата црковна научителка Тереза Авилска тврди дека го примила сето она што молела по застапувањето на бедните души.

Во виденијата на света Бригита од Шведска запишано е следново: „Еден ден ангелот ја однел во чистилиштето и слушнала како некоја душа, на која ѝ било доделено голема помош рекла: ‘Господи, награди ги оние кои на нас ни помагаат во нашите неволји, возврати им стократно на оние кои ни помагаат и воведи нѐ нас горе во светлината на твојата божествена слава’.“

Светиот парох од Арс – Иван Вијанеј му рекол на еден свештеник: „Кога би знаеле каква моќ имаат бедните души, не би ги заборавиле. Да се молиме за нив за и тие да се молат за нас!“ Кога во небото го гледаат Бог тогаш тие бедни души многу се трудат да се молат за наканите на оние кои со нивните молитви ги ослободиле од чистилиштето.

Посебна побожност кон бедните души имала света Маргерита Алакок. Честопати од божественото Срце Исусово добивала задача да страда за душите во чистилиштето. Ако ја покажувам вистинската љубов кон ближните, искреното милосрдие кон бедните души, сигурно нема да бидеме разочарани во своите очекувања. Кога сме во неволји, да се обидеме да ја придобиеме милоста, молејќи за бедните души! Тие нивната благодарност ќе ни ја покажат со тоа што нашите молитви ќе ги изнесат пред небесниот Отец.

Една молитва за душите во чистилиштето света Матилда ја научила од самиот Спасител во видение. Кога света Матилда ја измолила молитвата, видела чети од бедни души како влегуваат во небото.

Молитва за бедните души на света Матилда:

ОЧЕ НАШ КОЈ СИ НА НЕБЕСАТА!

Понизно Те молиме, вечен добар, милостив Оче, за бедните души, кои Ти сам ги прими како свои деца, прости им што не Те љубиле иТе отфрлиле од себе и не Ти ја искажале потребната чест! За покора и горко каење Ти ја принесуваме сета љубов и доброта на Твојот возљубен Син, нашиот Господ Исус Христос.

ДА СЕ СВЕТИ ИМЕТО ТВОЕ!

Понизно Те молиме, добар, милостив Оче, прости им на бедните души, што не го почитувале Твоето Свето име и честопти недостојно го изговарале и непромислено го имале во нивните усти! За покора и каење Ти ги принесуваме сите беседи со кои Твојот возљубен Син, нашиот Господ Исус Христос, му дал чест на Твоето свето име на земјата.

ДА ДОЈДЕ ЦАРСТВОТО ТВОЕ!

Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче, прости им и ослободи ги бедните души што со горлива љубов и копнеж не го барале Твоето Царство, туку често се богателе со земските добра. За покора и каење Ти ја принесуваме големата желба на Твојот возљубен Син, нашиот Господ Исус Христос, кој барал сите да бидат примени во Твоето Свето Царство.

ДА БИДЕ ВОЛЈАТА ТВОЈА, КАКО НА НЕБОТО ТАКА И НА ЗЕМЈАТА!

Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче, прости им и ослободи ги бедните души што не се подложиле покорно на Твојата света волја, туку често работеле според нивната волја и така не ја исполниле Твојата волја! За покора и каење Ти го принесуваме светото Божествено Срце Исусово и Неговата покорност.

ЛЕБОТ НАШ НАСУШЕН ДАЈ НИ ГО ДЕНЕС!

Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче, прости им и ослободи ги бедните души што со потполна побожност и љубов не ја примиле најсветлата Света Тајна на олтарот, туку многумина тоа го правеле недостојно, го примале ретко и никогаш! За тие нивни гревови Ти ја принесуваме големата светост и побожност на Твојот Син, како и неговата најдлабока љубов и неискажлива желба, со кои ни ја подарил ова незамисливо богатство.

ПРОСТИ НИ ГИ ГРЕВОВИТЕ НАШИ КАКО ШТО ГИ ПРОШТАВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ!

Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче, прости им и ослободи ги бедните души од нивните тешки гревови на долговите, зашто не ги сакале своите непријатели и не сакале да им простат! За покора и каење, за тие многукратни гревови, Ти ги принесуваме светите зборови на Твојот возљубен Син, нашиот Господ Исус Христос, што ги изговорил на крстот: „Оче, прости им бидејќи не знаат што прават!“

И НЕ ВОВЕДИ НЀ ВО ИСКУШЕНИЕ!

Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче, прости им и ослободи ги бедните души што не се бореле во големите искушенија, туку го следеле примамливото зло и паднале во пропаст! За покора и каење Ти ја принесуваме покорноста, страдалните дела и сета горка мака и смрт на Твојот возљубен Син, нашиот Господ Исус Христос.

ТУКУ ИЗБАВИ НЀ ОД ЛУКАВИОТ!

Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче, прости им и олсободи ги бедните души и поведи ги нив и нашите души кон својот возљубен Син, нашиот Господ Исус Христос во царството на Твоето владеење, а тоа си самиот Ти. Амин!

Дневно/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот