Глобалниот извешај за прехранбената криза во чија подготвка учествуваше и Организацијата на Обединетите нации за исхрана и земјоделство ФАО предупредува дека опфаќајќи го перидот од пет години во 2020 година достигнат е рекорден број на луѓе кои се наоѓаат во тешка криза.
Меѓу главните причини за таа вонредна ситуација која погодува најмалку 155 милиони луѓе во 55 земји во светот, се наведени војните, климатските промени и економските шокови дополнително влошени од пандемијата од болеста Ковид -19.
Бројот на луѓе во криза во 2020 година се зголеми за 20 милиони во однос на 2019 година (134,7 милиони во 55 земји), а Африка и понатаму е најпогодениот континент во кој престојува 63% од населението во криза. Состојбата е најтешка во Буркина Фасо, Јужен Судан и Јемен. Извештајот потоа предупредува на состојбата на децата. Во 2020 година 75,2 милиони деца помлади од 5 години во 55 земји кои се соочиле со прехранбената криза имале ниска телесна тежина, а дополнителни 15,8 милиони биле исцрпени.
Предвидувањата за 2021 година се драматични. Се проценува дека 155.000 луѓе во Јужен Судан и Јемен ќе се соочат со вистинска прехранбена катастрофа. Конфликтите и понатаму ќе бидат главната причина за прехранбената криза, но економската криза заради болеста Ковид-19 ќе ја влоши ситуацијата во мнозинството земји стои во соопштението на основачките организации на Светската мрежа, односно ЕУ, Организацијата на Обединетите нации за исхрана и земјоделство – ФАО, Светската програма за храна во соработка со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
Пандемијата од болеста Ковид-19 ја откри слабоста на светскиот прехранбен систем и потребата за создавање на поправеден, поодржлив и поотпорен систем за 8,5 милијарди луѓе да се обезбеди редовна и хранлива исхрана до 2030 година – се наведува во соопштението. Ако сака да се постигне цели за одржлив развој неопходно е радикално да се променат земјоделско-прехранбените системи.
За да се соочи со тие предизвици Светската мрежа најавува исто така зајакнување на иницијативите за промовирање на земјоделско-прехранбен систем од општествен, еколошки и економски аспект. Ќе ги поддржи главните настани како состанок на врвот на Обединетите нации за прехранбените системи, Конвенција за биолошката разноликост, Конференција за климатските промени и собир „Исхрана за раст“, а ќе соработуваат со иницијативата која ја покрена групата Г7 за да се избегне гладот.
Ватикан њуз/к.мк