Во пораката за 56. Светски ден на молитва за духовни звања, Папата повика да не останеме глуви на Божјиот повик
На 12 мај 2019 година во сите бискупи во светот е одбележан Светскиот ден на молитва за духовни звања, кој го основа папата Павле VI во 1964 година. „Храброст за ризик заради Божјите ветувања“ носи наслов темата за оваа година, која ја избра папата Фрањо. Во пораката која ја напиша по тој повод, Светиот Отец потсетува дека повикот, благодарејќи на светата Тајна крштение е заеднички за сите христијани и во секој од нас се израува на посебен начин. Бог сака секој да има потполн живот, а не затворен во секојдневните навики –стои во пораката.
Светиот Отец во спомнатата порака исто така истакнува дека е потребна храброст за преземање ризик како не би останале глуви на Божјиот повик, кој пред сѐ ни нуди проект на живот и ни ветува добро и среќа. Во длабоката средба со Господ е возможно да се почувствува волшебството на повикот во потполното себедарување преку посветениот живот или свештенството, како би го продолжиле Исусовото дело – порача папата Фрањо по повод 56. Светски ден на молитва за духовни звања.
Ватикан њуз/к.мк
Фото: ©xixinxing – stock.adobe.com