Светски Ден на младите: 600 настани и „Саем на звања“

Рио де Жанеиро, 20.7.2013 /к.мк/ – Повеќе од 600 настани ќе им се понудат на младите поклоници за време на Светскиот ден на младите во Рио де Жанеиро од 23 до 28 јули. Концерти, изложби, балови, театар, кино, прошетки во природа и посети на цркви и знаменитости, целата програма ќе се реализира на различни места во градот, се истакнува на официјалната интернет страница на Светскиот ден на млади. Посебно за одбележување е „Feira Vocacional – Саемот на звања“, кој ќе биде отворен од 23 до 26 јули. За саемот веќе се имаат пријавено 100 верски движења и монашки заедници.

Случувањата на младите поклоници ќе им дадат шанса „да уживаат во културната разноличност врз база на квалитетни и атрактивни облици на уметничкото изразување, за да го пронајдат патот до Бог“, појаснува Густаво Рибеиро, водител на одделот „културни настани“ при месниот организациски одбор, кој зад оваа идеја.

Музејот на ликовна уметност во пресрет на Светскиот ден на млади веќе ја отвори изложбата по наслов „Татковина на светите“. Изложени се повеќе од 1000 дела од Ватиканските музеи и од други познати италијански, но и бразилски музеи. За љубителите на музиката, на 19 локации ќе се одржат 362 концерти на кои ќе настапат 158 музички состави. Се истакнуваат и трите големи музички фестивали.

Од подрачјето на танцовата и театарската уметност, свои посебни делови за Светскиот Ден на младите ќе изведат 59 групи од 15 земји. За љубителите на филмот, тука се 150 различни идеи. Театарот, уметноста и музиката се посебни и извонредни уметнички форми кои на публиката и на актерите на посебен начин им ја приближува верата и евангелието, вели Аудреи Оливер, француска волонтерка задолжена за ова подрачје.

Верските активности се поделени во три дела: „Прошетки во природа“ и „По патиштата на верата“, на кои со помош на водачи ќе можат да се посетат 34 цркви во градот, а и група од „Туристички знаменитости“, кои на посетителите им нудат посебна програма, пред сѐ посетата на Корковадо и ридот Шеќерна глава (Pao de Acucar).

Што се однесува до „Саемот на звања“ кој ќе се одржи во Квинта да Боа Виста (Quinta da Boa Vista), се вели на официјалната страница, е идеално место за разговор со претставниците од различните верски заедници. „Поклониците од другите земји треба да бидат во можност да го продлабочат своето искуство со Бог и по Светскиот ден на младите“, вели за идејата на саемот кординаторот за звања отец Леонардо Лопес. Во склоп на саемот на звања ќе се претстават 16 движења, 20 нови заедници, 23 заедници на монахињи и 44 монашки заедници. „Квинта да Боа Виста (Quinta da Boa Vista) е и местото на кое се наоѓаат околу половина од 100 исповедалници, изработени посебно за Светскиот ден на младите. (В.Н.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<