Светските сили во тишина го гледат прогонот на христијаните
Многу христијани денес се прогонуваат, во тивкото соучесништво на многу држави – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 7 септември во капелата на домот Света Марта, која ја славеше со новиот киликиско ерменски патријарх Гргур Петар XX Габројан
Покрај Папата и патријархот Габројан сослужуваа кардинал Леонардо Сандри префект на Конгрегацијата за Источни цркви и сите епископи, членови на Синодот на Католичката ерменска патријаршиска црква.
Книжниците и фарисеите биле бесни, бидејќи Исус во сабота направил чудо и се расправале како да го убијат. Инспирирајќи се од прочитаното Евангелие, Папата зборуваше за прогоните кои христијаните денес ги поднесуваат, можеби уште повеќе отколку во првите времиња; ги прогонуваат, ги убиваат и им одземаат сè само затоа што се христијани – рече папата Фрањо.
Драги браќа и сестри нема христијанство без прогонства! Сетете се на последните блаженства: ќе ве носат во синагогите, ќе ве прогонуваат, ќе ве навредуваат, тоа е христијанската судбина. Денес пак пред овој факт кој се случува во светот, со учество на многу сили кои можеле да се спречат, ние сме пред таа христијанска судбина; одиме по истиот Исусов пат – рече Светиот Отец.
Папата потсети на еден од најголемите прогони на христијаните, прогонот на ерменскиот народ. Ерменскиот народ прв се обратил на христијанство. Биле прогонувани затоа што биле христијани. Во весниците читаме за ужасите на некои терористички групи кои колат луѓе бидејќи се христијани… Како последни да се сетиме на египетските маченици, кои на либиските плажи беа заклани додека го изговараа Исусовото име – потсети Папата.
Ерменскиот народ е прогонуван, од татковината протеран во пустина. Историјата на прогонот започнува со Исус: тоа што со Исус го направиле, во текот на историјата се правело и со неговото тело, со Црквата. Би сакал на денешното евхаристиско славење , како на браќата епископи и на тебе драги брате Патријарх да ве прегрнам сите вас епископите, ерменските верници и свештениците и да се потсетите на прогоните кои ги претерпеле вашите светци кои умреле од глад и студ во маки во пустината, бидејќи биле христијани – истакна папата Фрањо.
Нека Бог ни даде целосна мудрост за да го запознаеме „Божјото таинство во Христос, Кој го носи крстот; крстот на прогонствата, омразата и гневот на прогонителите кој доаѓа од таткото на злото. Нека Бог ни овозможи во Црквата да ја почувствуваме љубовта кон своите маченици и својот маченички повик. Не знаеме што ќе се случи овде. Нека Господ ако еден ден дојде до прогон ни ја даде милоста за храброст и сведочење кое ја дал на своите маченици и христијаните на ерменскиот народ – молеше Светиот Отец.
РВ/к.мк/Д.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк