Светскиот ден за бегалци 2017 посветен на малолетниците

„Малолетни мигранти, ранливи и без глас“ е темата која папата Фрањо ја избра за следниот меѓународен ден на мигранти и патници, кој ќе се одбележи на 15 јануари 2017 година.

Со оваа тема Папата сака да сврти внимание на децата, кои доаѓајќи сами во земјите на прифаќање, не се во состојба да се слушне нивниот глас и така стануваат жртви на тешко прекршување на човечките права – се истакнува во соопштението на Папскиот совет за душогрижништво на мигранти и патници.

Потребно е да се гарантира во секоја земја доселениците и нивните семејства потполно да ги уживаат нивините права. Она што најмногу загрижува е ситуацијата со малолетниците. Децата и жените се најчувствителни категории во таа голема појава, а токму малолетниците се најслаби и често невидливи, бидејќи немаат документи или се без никаква придружба – стои во соопштението на Папскиот совет за душогрижништво на мигранти и патници.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот