Во Новиот завет постои и послание од апостол Јуда, а неговиот автор се претставува како Јуда, слуга на Исус Христос и брат Јаковов.
Уште во средниот век луѓето искажувале големо почитување кон свети Јуда Тадеј. Не само во западните земји, туку и во другите делови на Европа, Мала Азија и Сирија.
Постоеле многу манастири и цркви со неговото име. Потоа доаѓа време кога за него не се слуша многу, иако Црквата не го заборавила во своите литургии. Сепак со тек на времето христијанскиот народ сфатил дека на добриот апостол му прави неправда, ако одбива да му искаже почит само поради тоа што го носи името на несреќниот предавник Јуда. Затоа уште на почетокот на минатиот век е започнато на многу места на посебен начин да се чествува свети Јуда Тадеј. А посебно да се повикува на помош во крајно безизлезни ситуации. Апостолот не дозволува да се моли залудно. Тој е секогаш милостив (еврејски Тада – со добро срце), значи добар помошник кој во своите гради негува и јуначка љубов. Многубројни се црквите во кои се слави овој голем помошник во сите неволји. Би било неправедно кога кон свети Јуда Тадеј би се молеле само тогаш кога ни е потребна неговата помош. Тој го заслужува секогаш нашето почитување и восхитување поради својата лична светост.
Од секогаш свети Јуда Тадеј важел како помошник во тешки и очајни потреби, а искуството покажало дека молитвите кои се барале по неговото застапништво, биле на чудесен начин услишани, и тоа во прилики каде што по човечко судење секоја надеж била невозможна.
Од биографијата на света Бригита гледаме дека Спасителот ја упатил оваа светица да се моли со доверба кон свети. Јуда Тадеј за своите потреби.
Молитва до св. Јуда Тадеј
О, свети апостоле Јуда Тадеј, ти верен наследник на Исус Христос! Името на издајникот е причината што си заборавен од многумина, но поради твојот свет и апостолски живот Црквата те повикува како голем застапник и заштитник на несреќните и на оние целосно разочараните. Моли го Бога за мене, за да примам по твојата заслуга утеха од Бога во својата жалост и тешкотија, посебно во мојата сегашна потреба и неволја, за да можам на мојот смртен час со тебе и со сите избрани, да го љубам, фалам и славам Добриот Бог. Амин!
Текстот е извадок од книгата Свети Јуда Тадеј голем помошник во тешки и безнадежни случаи – приредил о. Оливер Тантушев/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк