Свети Јосиф пример за човек кој не зема ништо за себе

Свети Јосиф пример за човек кој не зема ништо за себе

Во неволјите, немирите и темнината свети Јосиф нè учи како да одиме во темнината, да го слушаме Божјиот глас, да одиме напред во тишината – рече папата Фрањо на светата Литургија, која ја служеше на 18 декември во домот Света Марта.

Папата го толкуваше евангелието според Матеј, за Исус синот Давидов, роден од Марија свршеница на Јосиф.

Кога на Марија ги забележал видливите знаци на мајчинството, откако се вратила од кај Елисавета, Јосиф се сомневал, чувствувал болка, страдал додека селските озборувачи околу него започнале да озборуваат – рече Папата и нагласи: Не разбирал, но знаел дека Марија била Божја жена и затоа решил да ја отпушти во тишина, без јавно обвинување, сѐ додека Господ не се вмешал испраќајќи му на сон ангел кој му објаснил дека детето зачнато во неа доаѓа од Светиот Дух. После тоа Јосиф поверува и послуша.

Јосиф се борел во себе и во таа борба го слуша Божјиот глас: „Стани – тоа „стани“ кое често е почетокот на одредено послание во Библијата: „стани“ – земи ја Марија и одведи ја во својот дом – повтори Светиот Отец објасни дека тоа значи: Преземи ја одговорноста за ситуацијата, земи ја во свои раце ситуацијата и оди понатаму.“ Јосиф не отишол кај пријатели за да го утешуваат, не отишол кај психијатар за да му го толкува сонот… не, верувал. Одел понатаму. Ја земал ситуацијата во свои раце. Што требало Јосиф да земе во свои раце? Каква била таа ситуација? Зошто требало да преземе одговорност – праша Папата и одговори – за две работи, за татковството и за таинството.

Јосиф морал – додаде папата Фрањо – „да ја преземе одговорноста“ за татковството што веќе тоа се наѕира во родословот на Исус во кој се објаснува како се мисли дека Тој е син Јосифов. Тој ја преземал одговорноста за татковството кое не било негово, доаѓа од Отецот. Го носел понатаму татковството така што не само што ја поддржувал Марија и Детето, туку и се грижи за Детето, го учи на занаетот и го води кон зрелоста. Го слушнал гласот: „Преземе ја одговорноста за татковството кое не е твое, туку Божјо,“ и тоа го направил без зборови. Во Евангелието нема ниту еден збор кој Јосиф го изговорил. Тој е човек на тишината и на тивката послушност.

Тој е исто така човекот кој го земе во раце таинството. Како што е објаснето во првото читање, таинството е она кое го води народот до Бог, таинството на повторното создавање кое како што вели Литургијата, почудесно од создавањето – истакна Светиот Отец.

Јосиф тоа таинство го зема во своите раце и помага со своето молчење и со својата работа сѐ до моментот кога Бог го повикува кај себе – рече Папата и нагласи: За тој човек кој ја преземал одговорноста за татковството и таинството, е речено дека бил сенката на Отецот: сенката на Бог Отецот. И ако Исус како човек научил да каже „тато“, „оче“ на својот Отец кој го познавал како Бог, тоа го научил од животот, од сведоштвото на Јосиф; од човекот кој го чува човекот кој расте, човекот кој го носи напред секое татковство и секое таинство, но не зема ништо за себе.

Тој е „големиот Јосиф“ – рече папата Фрањо и заврши: Му бил потребен на Бог за да го однесе понатаму таинството на повторното водење на луѓето кон новото создавање.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот