Прославен празникот Свети Никола во Штип
Во Католичката црква „Благовештение“ во Штип по повод празникот Свети Никола Чудотворец се служеше света Литургија, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, кој во својата проповед се осврна на евангелието за Добриот Пастир.
На светата Литургија присутвуваа голем број верници, како од парохијата, така и од други места, а светата Литургија беше збогатена со пеењето на црковните хоровите на Катедралите од Струмица и Скопје.
По светата Литургија имаше претстава со наслов „Подарок од свети Никола“ во изведба на Народниот театар Штип.
По завршувањето на програмата следуваше агапе во парохиската сала. Настанот беше во заедничка организација на парохијата и Хрватската заедница „Либертас“ од Штип.
Т.А.