Денес славиме двајца христијански маченици од 3. век кои биле лекари и бесплатно ги лекувале луѓето и на тој начин привлекувале многумина да се преобратат на христијаството.
Иако за животот и мачеништвото на овие двајца маченици се испреплетени многу легенди, според кои овие двајца биле браќа или пак дури и близнаци, лекари кои секогаш бесплатно лекувале, заради што биле и почитувани во Црквата уште од 4. век.
Едно од нивните централни места за богослужбено прославување бил градот Кир во северна Сирија, каде, според сведоштвото на тамошниот епископ Теодорет, уште во 5. век им било посветена црква. На истиот народ, а над гробот на светите маченици, следното столетие, познатиот византиски император Јустинијан изградил величенствена базилика.
Уште постар центар за богослужбеното почитување на свети Кузман и Дамјан се наоѓало во местото Егеј, во Киликија, каде според поголемиот дел од грчките, латинските и сириските извори светите браќа претрпеле мачеништво. Но, во исто време почитувањето на овие светци бил многу живо во Ерусалим, во Амида во Меспопотамија, во Едеса и во Египет. Во Цариград посветени на светите Кузман и Дамјан беа подигнати четири цркви, а во Рим папата Симах (498-514) им посветил ораториум во базиликата света Марија Маџоре, додека папата Феликс III (526-530) изградил базилика. На Западот вреди да се напомене дека овие светци се наоѓале на мозаиците во Равена, им била изградена базилика на Сардинија, а за нивната слава на територијата на Галите пишува свети Григориј од Турс (+594).
Според поголемиот број на историски извори Кузман и Дамјан биле лекари во Егеј. Со нивната дејност многумина се преобратиле и го прифатиле христијанството. Тие лекувале и апостолски делувале сѐ додека, за време на прогонствата од императорот Диоклецијан, префектот Лисиј не ги ставил на сурови маки, а потоа им ги пресекол главите. Сето тоа го поднеле заради нивната христијанска вера, и затоа тие се маченици во вистинска смисла на зборот.
Познатиот германски животописец Петер Манс мисли дека за светите Кузман и Дамјан може да се утврди следното: „Како свети лекари тие нивните страдални браќа не само што бесплатно ги лекувале – заради кое кај Грците се наведени во листата на таканаречените Анаргири (Бесребреници), оние кои лекуваат без пари – туку и на безнадежните пациенти им го покажувале небото. Затоа нивното сведоштво и нивното покровителство за нашиот период имаат важно значење.“
Светите Кузман и Дамјан ги прославуваат како нивни заштитници лекарите и фармацевтите, а нивните имиња се наоѓаат и во римскиот светолитургиски канон. Пиј Парш мисли дека овие двајца свети маченици и лекари се верна слика на Спасителот кој ги оздравувал човечките тела за да на тој начин ги придобие душите и да ги спаси. По примерот на Спасителот исто така и Црквата во своите многубројни каритативни институции бдее над телесната човечка беда, за да би му помогнала на човекот целосно, посредувајќи му милост преку светите Тајни. Светите браќа исто така се избрани и за заштитници за болестите од жлездите и чировите (на желудникот) и во епидемиите.
Молитва до св. Кузман и Дамјан
Боже, светите Кузман и Дамјан Ти си ги одредил да бидат лекари на човечките души и тела без никаков надоместок. Си ги обдарил до дарот на чудесното исцелување и преку нив си го прославил своето семоќно име. Те молиме, Семоќен Боже, погледни и на денешните болни луѓе во душата и телото, по застапништвото на своите свети лекари Кузман и Дамјан, излекувај ги нивните болки, обдари ги со здравје за да ти благодараат вечно. Преку Христос нашиот Господ. Амин.
Битно нет/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк