Свети Кирил и Методиј

Свети Кирил и Методиј

Светите Кирил и Методиј се христијански светци чиј празник се слави на 24 мај. Кирил го составил првото словенско писмо (глаголица) и на јазикот на македонските Словени од околината на Солун ги превеле првите најважни црковни книги. Со тоа ги поставиле темелите на словенската писменост и се  созаштитници на Европа.

Браќата Кирил, чие вистинско име му било Костантин, а името Кирил го земал после неговото замонашување и Методиј, двајцата се родени во Солун, познати се како Солунски браќа, Светите браќа и словенските апостоли.

Методиј бил управител во еден дел во Источна Македонија, додека Кирил, образован на царскиот двор, после завршувањето на филозофските и теолошки студии бил поставен за библиотекар во Света Софија во Цариград и професор на цариградската висока школа.

Кога биле побарани епископи и свештеници кои би ја проповедале христијанската вера на словенски јазик, Византија ги пратила нив. Кирил го составил првото словенско писмо (глаголицата) и на јазикот на македонските Словени од околината на Солун ги превеле најпотребните црковни книги. На овој начин го создале првиот словенски литературен јазик и ги поставиле темелите на словенската литература.

Папата Адријан во словенските мисионери свечено ги прима во Рим.

Во Рим Кирил се разболел и набргу умира. Погребан е во црквата Свети Климент, каде што и ден денс е сочуван неговиот гроб.

Методиј ја продолжува мисијата во Панонија и во Моравија, но германските епископи го осудуваат и го фрлаат во затвор, каде што останал 2,5 години. Во 873 година по налог на Папата бил ослободен од затвор, но словенската литургија била забранета. Сепак, папата Иван VIII со булата „Industriae tuae“ од 880 година ја потврдил словенската богослужба.

Со преводите на литургиските и библиски книги Кирил и Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост и се сметаат за созаштитници на Европа.

Лаудато/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот