Светиот Престол истакнува дека расната дискриминација во сите облици е апсолутно неприфатлива – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Женева надбискупот Иван Јурковиќ на 43 заседавање на Советот за човекови права на Обединетите нации за прашањата од моменталното кршење на човековите права, расизмот, грубоста на полицијата и насилството над мирните протести. Надбискупот поттикна сите држави да ги признаат, штитат и промовираат основите човекови права на секој човек.
Светиот Престол истакнува дека расната дискриминација во сите свои облици е апсолутно неприфатлива – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Женева надбискупот Иван Јурковиќ, на 43 заседавање на Советот за човекови права при Обединетите нации за прашањата од моменталното кршење на човековите права, расизмот, полициската бруталност и насилството над мирните протести. Надбискупот ги поттикнува сите држави да ги признаат, штитат и промовираат основните човекови права на секој човек.
Имено, сите се членови на човечкото семејство се создадени на слика и образ Божји – рече надбискупот Јурковиќ и напомена: Еднакви се според своето внатрешно достоинство без оглед на раса, народ, пол, потекло, култура и верска припадност. Цитирајќи го папата Фрањо надбискупот Јурковиќ потсети дека не може да се прифати или да се затворат очите пред било каков вид на расизам или облик на општествено исклучување и истовремено да се тврди дека се штити светоста на човечкиот живот.
Дојде моментот да се запрат предрасудите и меѓусебната недоверба кои се темелот на дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата. Никој не смее да се чувствува изолиран, никој не е овластен да гази на достоинството и правата на другите. Имено, да се гази неповредливото достоинство на другиот значи да го газиш сопственото достоинство. Повторувајќи го она што папата Фрањо го рече во текот на Генералната аудиенција на 3 јуни надбискупот Јурковиќ предупреди дека насилството го уништува и осакатува самиот тој кој го прави. Ништо со насилство не се постигнува, а многу се губи.
Ватикан њуз/к.мк