Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол потврди дека од Светиот Престол е побарано да ги прими свештениците кои неодамна беа ослободени од затвор. Тие ќе бидат сместени во некои објекти на Римската бискупија.
Можам да потврдам дека од Светиот Престол е побарано да прими 12 свештеници од Никарагва кои неодамна беа ослободени од затвор. Светиот Престол прифати – изјави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни одговарајќи на новинарски прашања.
Попладне ќе ги пречека службеник на Државниот секретаријат и ќе ги смести во некои објекти на Римската бискупија – додаде Матео Бруни.
Ватикан њуз/к.мк