Светиот Престол повикува на делување против трговијата со луѓе

Светиот Престол повикува на делување против трговијата со луѓе

Во борбата против трговците со луѓе, државите исто така би требало да размислуваат како можат да им помогнат на луѓето кои се доверуваат на тоа злосторство.

Во борбата против трговците со луѓе, државите исто така би требало да размислуваат како можат да им помогнат на луѓето кои се доверуваат на тоа злосторство – истакна на 4 септември 2017 година исусовецот о. Мајкал Черни на Конференцијата на Обединетите нации во Виена која се занимава со проблемот со криумчарење и трговија со луѓе како и со прашањето за современиот облик на ропство во контекст на миграцијата. Трговците со луѓе лесно можат да го искристат очајот на мигрантите и барателите на азил – рече во своето излагање ватиканскиот делегат о. Черни, заменик секретар на Одделот за мигранти и бегалци кој е дел од Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.

Мигрантите и барателите на азил, чиј статус е нерегулиран или кои не поседуваат документи, се во најголема опасност да станат жртви на злоупотреба и искористување, да паднат во рацете на трговиците со луѓе или да станат робови – предупреди о. Черни. Од таа причина Светиот Отец повикува да се обезбедат соодветни законски рамки како и сигурни патишта за да не станат мигрантите жртви на трговијата со луѓе. Трговијата со луѓе веќе одамна е „профитабилна работа“ во која се свртуваат повеќе милијарди долари, и против тој феномен може да се бори единствено со широко сојузништво и соработка на национално, регионално и меѓународно ниво.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот