Светиот Престол: Обидот за атентат врз Трамп е повреда на демократијата

Светиот Престол: Обидот за атентат врз Трамп е повреда на демократијата

Канцеларијата за печат на Светиот Престол извести за загриженоста за она што се случи во Пенсилванија, кога младо момче по име Томас Метју пукаше од зграда во поранешниот претседател, а потоа беше убиен. Едно лице од публиката загина, а две се повредени. Осуда на претседателот Бајден и претседателот на американските бискупи, надбискупот Брољо: „Не на насилството за решавање политички несогласувања

Кошмарот на Америка се претседателите – во овој случај поранешен, но повторно во трка – кои се мета на оние кои сакаат да ги елиминираат. Овој пат тоа беше Доналд Трамп, а малку недостастуваше да прераснеше во трагедија и заврши со повреда на десното уво. Но, овој настан многу повеќе ја повреди и боли совеста на државата која во силно поларизирана атмосфера се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат во ноември.

Светиот Престол: Не смее да надвладее насилството

Ваквото сценарио го загрижува и Светиот Престол, така на 14 јули, во доцните утрински часови, како одговор на новинарски прашања, Канцеларијата за печат на Светиот Престол извести дека синоќешното насилство ги повреди луѓето и демократијата, предизвикувајќи страдања и смрт. Заедно со американските бискупи, Светиот Престол се моли за Америка, за жртвите и за мир во земјата, никогаш да не надвладеат насилниците.

Бајден: За ова нема место во Америка

Претседателот Бајден, кој подоцна му се јави на Трамп за да се увери во неговата состојба, безрезервно го осуди нападот во објава на платформата X. Нема место во Америка за таков вид насилство. Мора да се обединиме како народ за да го осудиме – напиша тој, додека бранот коментари во Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница од час во час станува обединет хор на неодобрување.

Црква во Соединетите Американски Држави: насилството во политиката е непотребно

Се огласи и Црквата во Соединетите Американски Држави. Заедно со нашите браќа бискупи, го осудуваме политичкото насилство и се молиме за претседателот Трамп и оние кои се убиени или ранети – напиша во соопштението претседателот на американските бискупи, надбискупот Тимоти П. Брољо. Се молиме и за нашата земја и за крај на политичкото насилство, кое никогаш не е решение за политичките несогласувања.

Самиот монсињор Брољо изрази слично размислување во подолга изјава објавена во јуни. Америка може многу подобро. Нема добра причина за прибегнување кон насилство во решавањето на политичките прашања – посочи тој, апелирајќи конфликтите да се решаваат со ненасилни и ефективни алтернативи, односно дијалог, гласање, мирни протести. Насилството завршува само со невини жртви и загрозување на редот и владеењето на правото – предупреди тогаш надбискупот Брољо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот