Светиот Престол: Непристрасен дијалог во решавањето на конфликтите

Светиот Престол: Непристрасен дијалог во решавањето на конфликтите

Добриот медијатор е непристрасен и од доверба за сите страни вклучени во спорот. Додека работи на решавање на конфликти, гради иднина на мирот, која трае, надвор од потпишувањето на договорите.

Вистинската медијација за решавање на споровите „бара вклучување на сите засегнати страни не само на лидерите, туку и на целата заедница, особено на оние кои страдаат од конфликтите“. Тоа го истакна архиепископот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол во Обединетите Нации во својот говор за време на дебатите на Советот за безбедност во Њујорк на тема „Медијацијата и разрешувањето конфликти.“

Блиску до жртвите на насилството и неправдата

Од искуство Католичката црква, која честопати е повикувана да интервенира во решавањето на конфликтите меѓу државите и народите, успеала да сфати една многу важна лекција: „дека треба да се слуша и да се биде блиску до жртвите на неправдата и насилството кои произлегува од конфликтите“.

Културата на приближување треба да зазема главно место во медијацијата

Како што истакна и папата Фрањо за време на својата Апостолска посета на Колумбија во септември минатата година, „потрагата по мир е постојана активност“. Набљудувачот на Ватикан истакна дека во медијацијата, културата на приближување „одвојува важно место за взаемното почитување и разбирање“, не само во решавањето на конфликтите, туку и во односите со другите, поставувајќи го „постојаното барање на мир и помирувањето во центарот на нашиот секојдневен живот“.

Клучен елемент е непристрасноста

Друг клучен елемент за позитивен резултат од медијацијата е непристрасноста. Монсињор Ауза објасни дека ако има било какви неуспеси, ќе треба да се запрашаме дали сме неутрални и непристрасни медијатори на кои конфликтните страни би можеле да се доверат. Сигурниот медијатор буди доверба, бидејќи може објективно да ги идентификува интересите на страните.

Медијација во споровите за градење на иднина на мирот

Ватиканскиот набљудувач, исто така, потврди дека „конфликтите оставаат длабоки рани, така што инклузивниот медијаторски процес во решавањето на споровите е премногу важен за оздравување и помирување кој треба да трае долго време. Медијаторите се занаетчии и работни инструменти за постигнување на мир“, па затоа треба да бидеме благодарни за нивната „ценета служба“ во корист на човештвото.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот