Светиот Престол и Кина го продолжија Привремениот договор за именување епископи

Светиот Престол и Кина го продолжија Привремениот договор за именување епископи

По „соодветна консултација и проценка“, Светиот Престол и Народна Република Кина се согласија да го продолжат Привремениот договор за именување на епископи за уште 4 години.

„Во поглед на постигнатиот консензус за успешна примена на Привремената спогодба во врска со именувањето на епископи, по соодветни консултации и проценки, Светиот Престол и Народна Република Кина се согласија да ја продолжат неговата важност за четири години од сегашниот датум“, се вели во соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник, 22 октомври 2024 година.

„Ватиканската партија“, пишува во соопштението, „останува посветена на унапредување на почитуваниот и конструктивен дијалог со Кинеската партија, во поглед на понатамошниот развој на билатералните односи во корист на Католичката црква во Кина и на кинескиот народ како целина.“

Трето обновување

Ова е трето обновување на Договорот кој со потпишувањето на 22 септември 2018 година отвори историско поглавје во односите меѓу Светиот Престол и НР Кина и во самата Црква во Кина, овозможувајќи им на сите бискупи да бидат во потполно хиерархиско заедништво со Папата.

Потпишувањето на Привремената спогодба ја продолжува неговата важност за уште четири години, а следува по првото обновување за период од две години, што се случи пред точно две години, на 22 октомври 2020 година.

Ново сценарио

Привремениот договор стави крај на децениските бискупски именувања без согласност од Папата, што доведе до радикално променето сценарио во последните шест години. Оттогаш, околу десет бискупи беа именувани и посветени, а Пекинг официјално ја призна јавната улога на неколку претходно непризнаени бискупи.

Знак за новата соработка сведочи и присуството на бискупи од континентална Кина на Синодата во Ватикан и на други состаноци во Европа и Америка, како и на инатогодишниот Светски ден на младите во Лисабон ккао и присуство на кинеските верници во апостолските патувања направени од папата Фрањо на Исток во последниве години.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан

За авторот