Светиот Престол има дипломатски односи со 180 држави
По повод средбата на Папата со дипломатскиот кор во понеделник 11 јануари 2015 година, обајвена е белешка за дипломатските односи на Светиот Престол со други држави, кои во овој момент се 180 земји. Кон овие дипломатски односи треба да се додадат и оние со Европската униија и Суверениот витешки малтешки ред, како и постојаната мисија во државата Палестина. Што се однесува до меѓународните организации на 4 јуни Светиот Престол стана набљудувач при Карипската заедница.
Во Рим свои седишта имаат 86 амбасадори, вклучувајќи го и претставништвото на Европската унија и Суверениот витешки малтешки ред, како и мисијата на државата Палестина и канцеларијата на Лигата на арапски држави, Меѓународната организација за миграција и Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци.
Во 2015 година се потпишани четири договори: Договор за оданочување помеѓу Светиот Престол и Владата на Италијанската Република, Договор помеѓу Светиот Престол, исто така во име на градот држава Ватикан и САД за почитување на даночните обврски на меѓународно ниво, Општ договор помеѓу Светиот Престол и државата Палестина, како и Договорот помеѓу Светиот Престол и Демократска Република Источен Тимор за правниот статус на Католичката црква
Освен тоа во јуни е ратификуван и договорот помеѓу Светиот Престол и Чад за правниот стаус на Католичката црква, кој е потишан 2013 година, а во септември е парафиран меморандум за согласност на Државниот Секретаријат и Министерството за надворешни работи на Државата Кувајт за билатерални консултации.
РВ/го*ко