Црквата е против било каква легализација на абортус.
Светиот Престол се противи на било каков напор на Обединетите нации или на нејзини специјализирани агенции чија цел е промовирање на национално закондавство кое би овозможило убивање на животот на неродено дете. Тој став во Женева го повтори надбискупот Иван Јурковиќ, на 25 мај 2018 година, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации, на 71 собрание на Светската здравствена организација (WHO), кое е посветено на испитувањето на новите глобални стратегии за здравјето на жената, децата и адолесцентите, а кое е покренато во 2015 година.
Иако сметајќи дека делат бројни цели со Светската здравствена организација како што е промовирање на општа здравствена покриеност, борба против насилството над жените и децата, осовременување на програмите во корист на децата и проширување на осумнаесетгодишниците, надбискупот Јурковиќ изрази загриженост заради вклучувањето на т.н. „сигурен абортус“ во новата глобална здравствена стратегија за идните петнаесет години. Освен тоа надбискупот потврди дека Светиот Престол не ги смета услугите за абортус како мерки за репродуктивното здравје.
Светиот Престол исто така е многу загрижен заради учеството на Светската здравствена организација и другите програми на Обединетите нации во создавањето на база на податоци кои содржат целосни информации за законите и политиките за абортусот, здравствени мерки и насоки со цел да се обебзеди поголема транспаретност и подобрување на одговорноста на поединечни држави во поглед на заштитата на здравјето и правата на жената и девојките. Имено, Црквата е против било каква легализација на абортусот – нагласи надбискупот Јурковиќ.
За ватиканскиот претставник е неприфатлива причина според која т.н. „сигурен абортус“ е средство за заштита на човечките права на жената и децата, бидејќи на нероденото дете му го негира најосновното правото на живот. Како што истакна папата Фрањо – заврши надбискупот Јурковиќ – правото на живот е свето и неповредливо и не подлежи на никакви услови.
РВ/к.мк