Светиот Отец: Ќе умрам во Рим, нема да се вратам во Аргентина, не се плашам од смртта

Светиот Отец: Ќе умрам во Рим, нема да се вратам во Аргентина, не се плашам од смртта

Папата верува дека ќе умре во Рим како поглавар на Католичката црква и дека нема да се врати во својата татковина Аргентина, рече тој во интервју преземено од книгата „Здравјето на Папата. Доктор, заговор и вера. Од Лав XIII до Фрањо“, а чии најинтересни делови се објавени во недела на 28 февруари во аргентинскиот дневен весник„ Ла Национ“, пренесува агенцијата Франс Прес.

Папата не се плаши од смртта

Во разговорот од февруари 2019 година во Ватикан кој го водеше аргентинскиот новинар и лекар Нелсон Кастро, Светиот Отец рече дека размислува за смртта, но не се плаши од тоа.

Ќе бидам Папа, во служба или во мирување

Запрашан како гледа на крајот на својот живот, папата Фрањо (84) рече: „Ќе бидам Папа, во служба или во мирување. Ќе бидам во Рим. Нема да се вратам во Аргентина “.

Според авторот на книгата „Здравје на папата. Доктор, заговор и вера. Од Лав XIII. до Фрањо “, која излезе во Аргентина понеделник на 1 март 2021 година, „ова е прв пат Папа да зборува за своето здравје толку јасно како што зборува Фрањо“.

Не ми недостасува, но сум тажен поради економските проблеми во мојата татковина

Поранешниот архиепископ на Буенос Аирес, Папата, роден Хорхе Бергољо, исто така рече дека не му недостасува Аргентина: „Не, не ми недостасува. Таму живеев 76 години. Но, јас сум тажен поради нејзините проблеми“, истакнува Светиот Отец, осврнувајќи се на економската криза од која е погодена оваа јужноамериканска земја.

Папата прими вакцина против КОВИД-19. Покрај тоа што е во напредна возраст. Поглаварот на 1,3 милијарди католици се смета за ризичен: на 21 година, во 1957 година имал пневмонијата, поради што му е отстранет еден дел од десното белодробно крило.

ИКА/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот