Светиот Отец ја посети парохијата „Пресвета Тајна“

Светиот Отец ја посети парохијата „Пресвета Тајна“

Папата Фрањо на 6 мај 2018 година попладне ја посети римската парохија „Пресвета Тајна“, која се наоѓа во градската населба Тор де Шијави

За време на својата посета на парохијата „Пресвета Тајна“ Папата свечено ја благослови „Куќата на радост“, наменета за немоќни лица. Пред да ја служи светата Миса, Светиот Отец се сретна со парохијаните и верниците и одговори на четири прашања, кои му беа поствени од некои верници. Одговарајќи на прашањата, меѓу другото истакна за важноста да се пренесува верата, мудростите од животот, другите вредности од животот и тоа преку дијалект, поточно преку семејниот дијалект.

Љубовта се препознава преку делата

Потоа Папата ја предводеше светата Миса во парохиската црква, при што ја подели светата Тајна миропомазание на 12 годишната Маја, која боледува од ретка митохондријална болест, како и на нејзината мајка Паола. Во пригодната проповед Светиот Отец нагласи дека празните зборови не се љубов, како што се претставува во романтичните филмови. Во суштина, љубовта се пропознава преку делувањето и служењето на другите. Некои луѓе мислат дека љубовта е она што го гледаат кај паровите во филмовите, но всушност љубовта е секогаш делување за другите, бидејќи се препознава во делата, а не во зборовите – предупреди папата Фрањо.

Оговарањето не е љубов

Упатувајќи на Евангелието од денот, Папата ги повика католиците да настојуваат да останат во Божјата љубов, поттикнувајќи ги да се запрашаат: „Дали останувам во Господовата љубов или барам други работи, други облици на забава, друг начин на живот?“ Тој исто така предупреди дека оговарањето на другите не е љубов. Потоа ги поттикна верниците да го молат Господ за помош како би останале во Неговата љубов и да служат на другите. Следете го Исусовиот пример, кој го даде својот живот и кој дојде за да ни служи – рече Светиот Отец и заврши: Господ прв нѐ љубеше, Тој секогаш љуби прв.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот