Светиот Отец: Има многу христијани кои не се христијани, туку се маскираат дека се христијани

Ватикан, 27.6.2013 /к.мк/ – Има „многу христијани кои не се христијани, туку се маскираат дека се христијани”, бидејќи нивната вера не е положена врз Карпата, која е Христос. Оваа беше главната мисла на папата Фрањо за време на светата Литургијата, која ја служеше во четврток 27 јуни во капелата на домот Света Марта во Ватикан. Заедно со Папата сослужуваше архиепископот на Апаресида, кардинал Рајмундо Дамашено Асис, заедно со други епископи. На литургијата присуствуваа и вработени од Дирекцијата за здравство и хигиена на Ватикан, придружени од д-р Патрициј Полиска.

Говорејќи за Евангелието од Матеј (7, 21-29), за куќите изградени врз песок и врз карпа, папата Фрањо издвои две категории христијани:

„Во историјата на Црквата има две категории христијани: христијани со зборови – оние кои велат „Господи, Господи, Господи” и христијаните на дело, кои дејствуваат во вистината. Секогаш постои искушението христијанството да се живее надвор од Карпата, која е Христос. Единствениот кој ни дава слобода да кажеме на Бог ‘Оче’, кој е Христос или Карпата. Тој е единствениот кој не поддржува во најтешките моменти. Како што вели Исус: заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, но кога темелот е на Карпата – тогаш постои сигурноста. Тоаа се зборови кои поминуваат, не служат. Тоа е искушението на овие христијани на зборовите на едно христијанство без Исус, на едно христијанство без Христос. Тоа се случувало, а се случува и денес во Црквата: да се биде христијани без Христос”.

Папата Фрањо ги анализира „христијаните со зборови”, откривајќи ги нивните специфични карактеристики. Има група – „гностици“- кои наместо да ја сакаат Карпата, сакаат убави зборови и живеат пловејќи на површината на христијанскиот живот. Има и друга група која Папата ги нарече “пелагијанци” (по името на ирскиот монах Пелагиј), кои имаат сериозен изглед и имаат напнат начин на живот. Христијани кои „гледаат во подот”, се пошегува Папата Фрањо.

„Ова искушение постои и денес. Површински христијани кои веруваат во Бог, веруваатХристос, но тао го прават многу „расеано”: Сметаат дека Исус Христос не е оној кој ја дава основата на човекот. Тоа се модерните гностици. Искушението на гностицизмот. Едно „разводнето” христијанство. Од друга страна, постојат и оние кои веруваат дека христијанскиот живот треба да биде земен толку сериозно што завршуваат мешајки ја цврстината и силата, со суровоста. Тие се скаменети! Тие мислат дека за да се биде христијанин потребно е да се облечеш во жалосна облека, засекогаш”.

Фактот е, продолжи папата Фрањо, дека вакви христијани има многу. Но, тој истакна дека „тие не се христијани, тие се маскираат дека се христијани”. „Тие не знаат што значи Господ, не знаат што значи „арпа, ја немаат слобода на христијаните. Едноставно кажано, не доживуваат радост”:

Тие најпрво поседуваат одредена површна „радост“. Оние другите живеат со постојано погребално бдение и не знаат за христијанската радост. Не знаат да уживаат во животот кој ни го дарува Исус, бидејќи не знаат да разговараат со Исус. Не чувствуваат дека се втемелени на Исус, и тоа со онаа сигурност која ја дава присутноста Исусова. Не само што немаат радост: немаат и слобода. Едните се робови на површноста, робови на разводнет живот. Другите се робови на крутоста, не се слободни. Во нивниот живот Светиот Дух не наоѓа простор. А Светиот Дух е оној кој дава слобода. Денес Господ нѐ повикува својот христијански живот да го градиме на Него, на Карпата. Тој ни дава слобода, го праќа својот Дух и нѐ поттикнува – да чекориме напред по Неговиот пат, по Неговата промисла. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<