Светиот Отец ги прими новинарите од списанието „Католичка цивилизација“

Ватикан, 15.6.2013 /к.мк/ – Светиот Отец во петок 14 јуни на аудиенцијата ги прими новинарите од списанието на Исусовата Дружба „Католичка цивилизација“ (Civilita Cattolica). Во името на новинарите од Исусовата Дружба Светиот Отец беше поздравен од генералниот поглавар на Исусовата Дружба патер Адолф Николас. Одговарајќи на поздравот, Папата истакна дека со сигурност може да смета на новинарите, и ги поттикна да бидат остри против лицемерието, кое е плод на затвореното, болно срце, но и да не подигаат огради. Вашата главна задача е да градите мостови, а не ѕидови, да воспоставувате дијалог со сите луѓе, исто така и со оние кои не ја делат христијанската вера, а ги ценат човечките вредности, па дури и со оние кои се спротиставуваат на Црквата и ја прогонуваат на различни начини – изјави Светиот Отец

Зборувајќи за дијалогот Папата рече, дека дијалогот значи да се спуштат одбраните, а да се отворат вратите, а должноста пак на списанието „Католичка цивилизација“ (Civilita Cattolica) е да придонесе во обликовањето на граѓаните, кои работат за општо добро и доброто на сите. Осврнувајќи се пак на разбирањето, рече дека духовното барање денес е поживо од било кога, но се чувствува потреба некој да ја разбере и протолкува. Не треба да се има страв да се промовира разбирањето барајќи ја вистината. Со отворено и понизно расудување барајте и наоѓајте го Бог во сите работи, а затоа е потребно учење, чувствителност и искуство – рече Папата додавајќи: Сето тоа бара отворено срце и ум за да се одбегне духовната болест на самобендисаност. И Црквата се разболува и старее кога станува самобендисана. Нашиот поглед, цврсто вперен во Христос, нека биде пророчки и динамичен кон иднината, така ќе останете млади и храбри во разбирањето на знаковите на времето – истакна Светиот Отец.

Зборувајќи пак за границите, рече дека распаѓањето помеѓу Евангелието и културата е вистинска драма, затоа тоа е задача на списанието „Католичка цивилизација“ (Civilita Cattolica) да го заздрави тоа оштетување. Папата ја потикна Исусовата Дружба да биде во најтешките и испакнати полиња, на крстосниците на идеолигиите, во општествените ровови. Меѓите се токму вашето место. Ве молам бидете погранични луѓе, со способноста која доаѓа од Бога. Но, не паѓајте во искушение да ги скротите границите, потребно е да се оди кон нив, а не да се донесат дома, да се обојат и одомаќинат – објасни Папата.

Во денешниот свет, подложен на брзите промени и разнишан со важни прашања за животот на верата, итно е храбро да се преземе нешто за воспитување на убедлива и зрела вера, способни да ја дадат смислата на животот и да овозможат убедливи одговори на сите кои го барат Бог – изјави Папата додавајќи дека на тој начин се подржува делувањето на Црквата во сите мисионерски подрачја. Списанието во овие години се обнови, достапен е за читателите и на социјалните мрежи. Повикани сте да делувате и во тие граници. Продолжете по тој пат – истакна папата Фрањо.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<