Света Тереза од Лизије – Малата Тереза

Света Тереза од Лизије – Малата Тереза

Денес, ја славиме светицата (1873-1897) која би можеле да ја квалификуваме како „шампионка“ на духовната маленкост“. Факт е дека токму за тоа таа заслужила да биде прогласена за „Доктор на Црквата“. Врз основа на „духовното детство“ е произлезена една целосна духовна, свежа и обновена теологија…

Парадоксално, „големината Божја се состои во тоа што Тој е способен да стане мал“ (Бенедикт XVI). Затоа, може да кажеме дека дискрецијата, едноставноста, понизноста… се дел од Божествената ДНК: „Ане се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“ (Мт 18,3). Денешната света докторка во Кармилскиот манастир влегла кога била многу млада (имала 15 години) и влегла во „вечниот Кармил“ кога имала 24 години. Толку мала, а толку голема! Каков парадокс во човечките очи! Но не е така од гледна точка на љубовта. Ако сакаш да љубиш, ако сакаш да служиш, биди мал, многу мал, како бебето Исус во малата јасла, како Исус Христос на Крстот.

Тереза за своето детство рекла: „Јас сум една мала душа која може само да му ги понуди малите нешта на нашиот Господ“. И затоа што се сметала така, „мала“ таа своето растење го доверувала на духовните средства. Таа одлучно кажала: „Ах, молитвата и пожртвуваноста ја сочинуваат целата моја сила, тие се моето непобедливо оружје кои Исус ми ги дал“. Паралелно и како последица таа се движела по духовната насока – немала доверба во самата себе – и ја сакала послушноста кон претпоставените.

„Кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во царството небесно“ (Мт 18,4). Еден вистински контраст на самодоволноста од современоста! Можеби поради оваа причина, Света Тереза е „Докторка“. Таа сигурно знаела за животот. Еден живот кој носи плодови на Бога: „Не е потребно да се остане во златниот олтар каде што Тој слегнува секој ден од Небесата, туку потребно е да се најде едно друго Небо кое Нему му е бескрајно подрагоцено од првото: Небесата на нашата душа“.

Evangelii.net/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот