Во сиропиталиштето за напуштени деца „Малиот дом“ кој го водам во нашата фрањевска мисија на подрачјето на неразвиениот централен дел на Кенија живеат брат и сестра, Роси и Доминик. Роси оваа година наполни 25 години, а нејзиниот постар брат 27 години. Во „Малиот дом“ пристигнаа пред десетина години. Задачата на нас мисионерите е да дојдеме меѓу сиромашните и најслабите и да им ја донесеме Радосната вест, да им покажеме дека нивниот живот не е загубен, дека постои Некој за Кој тие се вредни. А Тој е Христос! (…)
Кога пристигнав во Кенија во дрвената барака „Малиот дом“, на земјениот под живееја триесет деца – главно на предучилишна возраст. Наскоро по моето доаѓање во „Малиот дом“ пристигна девојче родена со трета рака која заради срамот семејство ја сокривало, а неколку години подоцна успеавме да ја однесеме на операција и денес нормално се развива и живее. И меѓу тие деца се Роси и Доминик.
Тогаш Роси имаше 16 години, а Доминик веќе беше полнолетен. Роси беше висока како тригодишно дете. Иако сѐ уште не одеше ниту говореше, туку само со погледот ги набљудуваше сите околу себе, не беше срамежлива. Доминик изгледаше како момче подготвено за основно училиште иако како и сестра му не беше занемарен и заразен со афиканските крлежи. Паразитите им ги јаделе ноктите, главите им беа заразени со лиши, распространети меѓу децата во Африка заради лошиот имунитет, а беа закржлавени и неисхранети. Крлежите направиле мозокот на нашата Роси да остане на развојот на предучилишна возраст. Доминик сепак подобро помина и веќе следната училишна година тргна за прв пат во прво одделение. Воопшто не се разликуваше од останатите деца, иако речиси беше три пати постар од нив. Нивната мајка беше локална проститутка која така живееше и замина во потрага за подобар живот, оставајќи ги своите несакани деца препуштени целосно сами на себе. Таткото не го запознаа.
Роси и Доминик доаѓаат од прилично нескротливо племе Туркана кое живее во северните слабо населени делови на Кенија. Со другите племиња често се во несогласност и на нивната територија често избувнуваат конфликти кои доведуваат до крвопролевање. Роси и Доминик живееле во домови направени од гранки, немале никаква помош од останатите жители затоа што во племето според непишано правило биле идентификувани како оние кои не се бројат. И во такви услови преживеале повеќе од една деценија пред да дознаеме за нив и да ги доведеме во „Малиот дом.“
Доминик само што завршува основно училиште. Тој израсна во убав млад човек. Ќе се обидеме да го оспособиме за некој занает, иако ми вели дека повеќе сака да појде за свештеник и да стане фратар како мене. Роси со нас почна да оди, со другите деца го научи свахили јазикот. Изгледа како девојче на 12 години, убава како што името ѝ кажува роза. Сите деца имаат соништа за кога ќе пораснат и каде и да бидат сакаат да станат лекари, пилоти, учители, а нашата Роси секогаш говори дека сака да биде musichana што на свахили значи девојче, а таква ќе остане и цел живот. Таа е најведрото создание под покривот на „Малиот дом“ и секој кој доаѓа прва го пречекува со голема насмевка.
Има слаба циркулација па нејзините студени раце секогаш ги препознавам кога во сиропиталиштето децата ќе ме опколат и сите оддеднаш сакат да ме држат за рака, да ме прегрнат и да ми бидат во близина. Нашите деца кои благодарение на мисионерите и на добрите луѓе добија можност да живеат, всушност најмногу од сѐ сакаат мало внимание, сакаат родителска љубов. А она што го добија во „Малиот дом“, тие веќе сега го враќаат стократно и со своите животи ја сведочат Радосната вест. Ниту еден живот не е загубен и за него вреди да се бориш. Амин.
фра Миро Бабиќ/мисије/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк