На Генералната аудиенција на 20 октомври дојде до симпатична непредвидена средба. Имено, додека на германски јазик се читаше делот од Посланието до Галатјаните, за кој папата Фрањо потоа зборуваше во катехезата, до Светиот Отец полека се искачи едно десетгодишно момче со когнитивни потешкотии, од италјанското место Сан Фердинандо ди Пулија.
Штом момчето дојде до него, Папата размени со него неколку зборови прашувајќи го дали сака да седне покрај него, го наседна на местото на монс. Леонардо Сапиенца службеник на Префектурата на Папскиот дом, од кој момчето потоа го побара капчето на Папата. После прегратката со Папата и откако го доби веднаш ја стави на главата, момчето го одведоа на местото до неговата мајка.
Папата Фрањо пак на почетокот на катехезата се осврна на тој настан. Овие денови зборуваме за слободата на верата, слушајќи го Посланието до Галатјаните – рече Папата. Но, ми падна на памет она што Исус го говорел за спонтаност и слободата на децата кога ова момче беше слободно да се приближи и да се движи како да е дома – додаде и потсети, Исус ни вели: И вие ако не станете како деца нема да влезете во Царството небесно.“ Храброста за да се приближиш до Господ, да бидеме отворени кон Господ; му благодарам на тоа дете за лекцијата која ни ја даде на сите нас. И нека Господ му помогне во неговото ограничување, во неговиот раст, бидејќи го даде тоа сведоштво кое му дојде од срце – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк