Сантијаго: Напад на цркви пред посетата на Папата

Сантијаго: Напад на цркви пред посетата на Папата

Архиепископијата на Сантијаго ги осуди напади со запаливи бомби на црквите „Емануел де Реколета“, „Кристо Венседор ди Пеналолен“ и парохијата „Св. Изабела Унгарска“, како и неутрализираните напади врз светилиштето „Кристо Побре ди Матукана“ и парохијата „Жезус Маестро.“

Нападите се извршени во ноќта спроти 13 јануари, насочени кон 4 католички цркви во различни области на Сантијаго де Чиле, во знак на протест против посетата на Папата од 15 до 18 јануари. На три од нападатите цркви е предизвикана штета на вратите и фасадата, додека четвртиот напад бил неутрализиран од страна на полицијата.

Според новинските агенции, група анархисти предводени од поранешниот кандидат за претседател Роксана Миранда, ја окупирале извесно време апостолската нунцијатура во знак на протест против „потрошените милиони за приемот на папата Фрањо посетата на Папата За време на нападите биле дистрибуирани летоци со директни закани кон Папата.

„Овие дела, наместо да предизвикат збунетост и очај, ги зголемуваат очекувањата и надежите од посетата на Папата – изјави архиепископот на Сантијаго кардинал Рикардо Езати – затоа што знаеме дека Христовата љубов надминува сè.

„Длабоко сме огорчени од тие факти, кои противречат на мирниот дух на посетата на Папата – се вели во соопштението од архиепископијата на Сантијаго. Смирено и спокојно се обраќаме до извршителите на тие дела – кои не ги одразуваат чувствата на мнозинството од населението – да размислат за потребата од почит и толерантност за сите, за да се изгради татковина на браќа. Чиле има потреба од повеќе дијалог, затоа повторно ја потвруваме пораката на Исус, со која папата Фрањо доаѓа кај нас: „Ви го давам Мојот мир.“ Ги повикуваме сите католици, верниците од другите религии и луѓето со добра волја, да учествуваат во прославите со обновена радост.“

Гласноговорникот на Националната комисија за посетата на Папата, отец Филипе Херера нападите ги опиша како „вандализам со цел привлекување на внимание.“ „За жал не е изненадување што такви работи се случуваат во Чиле“ – вели о. Херера за агенцијата на италијанските епископи, Сир. Тие се мали групи кои дејствуваат не само против Црквата, туку и против други важни настани организирани од амбасади и други општествени институции. Тие протести, извршени со насилство се знак на силно општетсвено незадоволство од системот и Католичката црква ја обвинуваат за соучество. Локалната црква не се сомнева во успехот на посетата на Папата. Пораката која сакаме да ја пренесеме е за мир. За жал ние сме навикнати на тој тип на манифестација, но луѓето го очекуваат папата Фрањо со радост.“

Чиленскиот претседател Мишел Бачелет, исто така, ги осуди нападите – сѐ уште од непознати сторители – уверувајќи дека владата ја искористила својата моќ да помогне во планирањето и организирањето на папската посета на Чиле.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот