Само Словото Божјо спасува од искушенијата

Да се спротиставиш на заводливоста на искушенијата е можно единствено ако се слуша Исусовото Слово – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 18 февруари во капелата на домот Света Марта.

Коментирајќи го литургиското читање од Посланието на свети Јаков кое зборува за искушенијата, Папата рече дека искушението на почетокот се појавува како безопасно, а потоа се менува и станува како кафез од кој многу тешко се излегува. Во проповедта Светиот Отец ги потврди зборовите на апостол Јаков, дека Бог никогаш не го искушува човекот туку човечката похот. Похота наведува на грев, а гревот донесува смрт – рече Папата прашувајќи:

„Од каде доаѓа искушението? Како делува во нас?“ Апостолот тврди дека не доаѓа од Бог, туку од нашите страсти, од нашите внатрешни слабости; последица на источниот грев: искушенијата доаѓаат, доаѓаат од похотта. Интересно е тоа што искушението има три обележја: расте, е заразно и се оправдува. Расте: започнува мирно и постепено збувнува… Исус тоа го вели кога зборува за параболата за житото и каколот: житото растело, но и каколот кој го посеал непријателот. Исушението расте… А ако некој не го запре, тогаш потполно обзема – истакна Папата.

Освен тоа, искушението бара друштво, заразно е; а кога збувнува и се шири, искушението нѐ става во окови од кои не е лесно да се излезе. Тоа го искусиле и апостолите, за тоа говори денешното Евангелие. Апостолите пред Учителот взаемно се обвинуваат затоа што не донеле леб на бродот. Исус пак ги предупредува да се пазат од „квасот фарисејски и квасот Иродов“. Тие продолжуваат не обракајќи внимание на Неговите зборови; го барале виновникот, а не слушале што им зборува Исус – објасни Светиот Отец.

И на нас така ни се случува кога сме во искушение, не го слушаме Божјото Слово: не слушаме, не сфаќаме. Исус морал да потсети на умножувањето на лебовите за да се ослободат апостолите од тоа влијание, кое не затвора, ни ја одзема способноста за далекувидност, ни го затвора видикот и така нѐ наведува на грев. Кога сме во искушенија, само Божјото Слово може да нѐ ослободи. Треба да го слушаме Неговото Слово затоа што ни го отвора видикот… Бог е секогаш подготвен да нѐ ослободи од искушенијата. А Исус е голем затоа што не само за да нѐ избави од искушенијата, туку и има доверба во нас – рече Папата.

Таа доверба е голема сила, кога сме во искушенија: Бог нѐ чека, има доверба во нас кога сме во искушенија, секогаш ги отвора хоризонтите. Напротив, сатаната искушувајќи ги затвора, и одржува атмосфера слична на атмосферата на бродот. Единствено ако се слуша Исусовото Слово можно е да се ослободиш од таа атмосфера – истакна Светиот Отец и поттикна на молитва.

Да Го молиме Господ секогаш кога сме во искушенија како и апостолите со својата трпеливост да каже: слушај, биди мирен! Сети се на она што во еден момент сум ти го направил, во она време: сети се! Подигни ги очите, погледни го хоризонтот, не затворај ги очите, не затворај се, туку оди напред! Во моментот на искушенија Неговото Слово ќе нѐ сочува од гревот- заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот