Руските католички бискупи повикаа на прекин на војната со Украина

Руските католички бискупи повикаа на прекин на војната со Украина

Руските католички бискупи повикаа на прекин на војната со Украина. „Ги повикуваме сите политичари од кои зависи оваа одлука да го прекинат конфликтот“, напишаа тие во заедничкото соопштение објавено во Москва во четвртокот вечерта на 24 февруари 2022 година.

„Ние, како и сите вие, сме длабоко шокирани што политичкиот конфликт меѓу Русија и Украина, и покрај големите напори за помирување, се претвори во вооружен конфликт“, истакнуваат петте бискупи. „Овој конфликт носи смрт и уништување и ја загрозува безбедноста на целиот свет“, предупредуваата католичките бискупи во Русија. Тие истакнуваат дека рускиот и украинскиот народ не само што имаат заедничка историја, туку во минатато многу страдале од „лудилото на војната“. Бискупите повикаа на молитва и света Миса за мир.

Бискупот од Саратов во југозападна Русија, Клеменс Пикел напиша на својот блог: „Денес се молевме од утро до вечер. Немаше ништо поважно“. Скоро еден процент од Русите се католици.

За прекин на војната повика и претседателот на Католичката бискупска конференција на Белорусија, бискупот Алех Буткевич. Во Белорусија, Католичката црква е втора по големина верска заедница. Во неа припаѓаат околу десет отсто од граѓаните.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот