Романија прогласи ден за сеќавање на насилството врз христијаните

Романија прогласи ден за сеќавање на насилството врз христијаните

Во Романија 16 август е прогласен за Ден за сеќавање на насилството врз христијаните ширум светот, на кој најзначајните владини згради, палати и споменици на културата во Букурешт и регионалните центри ќе бидат осветлени со црвена боја во солидарност со прогонетите христијани.

Одлуката за воведување нов национален ден ја донесе Претставничкиот дом на парламентот, објави фондацијата Про Ориенте на 27 јуни. Црвеното светло е во знак на солидарност со прогонетите христијани, а последен пат го организираше хуманитарната организација „Црква во неволја“, во Рим осветлувајќи го Колосеумот со црвена боја.

Овој датум е исто така спомен ден на маченикот Бранковеану, прогласен во 1992 година од Романската православна црква. Влашкиот благородник Константин Бранковеану и четворицата негови синови биле егзекутирани од отоманските власти со лажно обвинение во 1714 година.

ИКА/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот