Се наоѓаме во месец октомври, месецот на бројаницата. Бројаницата, на секој верник му е толку драга молитва, молитва со која пред нас протекуваат тајните на Исусовиот и животот на Марија – тајната на спасението.
Исусовиот живот, Животот на Марија. За Исусовиот живот и смрт знаеме доволно од Евангелието, додека за судбината на Марија после Духови знаеме малку. Марија сигурно е највлијателната жена во историјата на човечкиот род. Според традицијата, Иван Евангелист ја зел со себе во Ефес, а починала најверојатно во Ерусалим, за време на одржувањето на т.н. Апостолски собор, околу 50 година, а можеби малку порано или подоцна. Тоа било единствениот прифатлив датум за нејзината смрт во Ерусалим затоа што тоа било настан кога сите Господови ученици биле уште еднаш заедно, за последен пат, што е забележано и загарантирано во Новиот Завет. Веројатно Иван ја донел со себе од Ефес или всушност таа живеела во Ерусалим. Објавата на блажена Катерина Емерик ја сместуваат Марија во Ефес каде што и денес постои капела на местото каде што Марија живеела со Иван, па затоа е веројатно дека патувала со саканиот ученик Исусов во Ерусалим, на Соборот.
Марија – живо сеќавање на Црквата
Марија во многу наврати во својот живот проповедала, што потоа нејзините роднини или блиската околина го забележувале и го преточиле во она што верните Евреи денес го нарекуваат hagada, побожно предание и поучување. Тие се приказни со библиски материјал, каде што многу од тоа е легендарно, но срцето е историска вистина. Свети Лука веројатно се сретнал во своето, како што тој вели „акрибично“ внимателно истражување на изворот (Лк 1, 1 – 5) со таа документација од уста и сето тоа го вткајува во своето Евангелие. Повеќе пати тој во своето Евангелие за Исусовото детство вели: „дека Марија сето тоа, сите случувања и зборови, грижливо ги чувала во своето срце“, за тоа размислувала, сѐ сочувала во своето срце, не како архиви, туку како живо сеќавање од што и денес Црквата живее. На Марија многу од тоа не ѝ било јасно па во себе си се прашувала што би можело да значи, како пример за Исусовиот одговор кога останал во Ерусалим па го пронашле после три дена во храмот.
Такви изрази од Лука значат само едно: Марија беше сведок на случувањата кои Лука сака да ни ги објасни преку неговите извештаи, тоа не е приказна ниту пак шпекулација, туку верен извештај за невестувањето, за раѓањето во Витлеем, пастирите, средбата на Елисавета и Марија. Марија, така кажано, е коавторка на Евангелието според Лука. Таа е: „живо сеќавање и помнење на Црквата“ како што ја нарекол светиот папа Иван Павле II.
Марија е присутна на Духови во салата на Последната вечера кога сите го примиле Светиот Дух, кога започнала најсилната, неверојатна револуција, најголемиот преврт во историјата на човештвото, раѓањето на новиот Божји народ. Без тој преврт денес не би ја имале како културно наследство на човештвото Библијата. И за кои после 20 години од Духови се одржува во Црквата Собор, на истото место. Тоа беше првиот сериозен собор во раната Црква. Марија веројатно повторно била присутна помеѓу учениците на својот Син, каде што најверојатно и починува. Починува од среќа, доживувајќи како делото на нејзиниот Син продолжува да се пренесува со силата на Светиот Дух низ целиот свет.
Симбиоза помеѓу Мајката и Синот
Марија не зборува со зборови ниту со слики, туку живо зборува со својот живот, со својата смрт. И понатаму ни зборува со својот пример како да ги оживееме нејзините сцени и Исусовиот живот. Како морала да се чувствува пред јавноста, мајката која е толку осрамотена на осуден и распнат бинтовник, осудена на тогашна најсрамната смрт, смрт на крстот? Како и било во душата? Морала да живее во внатрешно прогонство, во страдање и љубов. Според традицијата починала во Ерусалим каде што денес се наоѓа и Црквата Успение на Пресвета Богородица, на преминот во Гетсемантската градина, преку потокот Кедрон.
Од самите почетоци Марија меѓу сите светци е најизвонредна, прва. А дека на небото е вознесена со душата и телото, се заклучува од фактот што од нејзе нема никакви земски остатоци. За разлика од апостолите и мачениците како и другите светци чии што мошти ги чествуваме, земните остатоци ги почитуваме, ги погребуваме во моштаници, од Марија немаме всушност ништо од нејзиното земско тело. Покрај жарот со кој поединци нудат разни реликвии, од Марија не се нуди ниту најмал материјален остаток. Ниту прамен од косата. Ниту толку фалсификатори не се се осудиле да понудат моштија од Марија.
Тоа е доказ дека Марија е вознесение на небото. И верниците тоа веднаш го сфатиле, прифатиле и поверувале. Вознесението на Марија е врв и довршување на историјата на спасението, случено на едно лице, Марија. (…) Бог кој дозволил Марија да биде со својот Син на крстот, да биде само еден чекор од неговата агонија и умирање, истиот Бог ја прослави Марија. И затоа нема поразумно во човековото прославување од нејзината прослава, со вознесението на небото.
Бројаница – сместена во Светиот Град
Бројаницата докрај е поврзана со Ерусалим. Ерусалим е градот на Бројаницата, секој збор од нејзе има свое место таму каде што е Исус во близина – во Витлеем – роден, принесен во храмот, пронајден во Храмот, каде што се тајните на маката и прославата. Секоја Бројаница се поврзува со Ерусалим. Затоа благопокојниот и свет Папа се одлучил на нови таинства, светли. Ако Бројаницата се нарекувала „народен псалтир за неписмени и неуки“, со 150 Радувај се Маријо во споредба со псалмот 150, од сега ги имаме четирите делови на Бројаницата, како споредба со четирите евангелисти. Како светиот Папа и несвесно да ја потполнил оваа молитва толку драга на сите верници. Новите таинства се квантниот чекор кон новото. Набљудувањето на Исус Христос со очите и битието на неговата Мајка, тоа е Папската накана. „Ако мене ме види некој, го гледа мојот Отец“, вели Исус на Филип. Средство за посвета на нашиот живот. Во рацете на верниците тој едноставен бисер го менува светот. Тоа е тајна на радоста и силата која се крие во Бројаницата. Бројаницата која нѐ води кон Исуса, кон секое светохранилиште, кон Евхаристијата како важна тајна на нашата вера. Неистражена тајна и богатство.
Бројаница – поклонение во светата земја
Папата ги воведува светлосните таинства. Тоа е, неговата најдрага порака. Наједноставната од сите тие молитви останува неговиот траен спомен. Затоа што светот побрзо ќе ги заборави историските факти поврзани за минатиот век, како што е инвазијата на Монголците во Европа или пак Француската револуција. Но луѓето и по петстотини години ќе се сеќаваат на овој Папа кој беше чуден во своите потези, затоа што одлуките ги донесувал на колена, во молитва. Бројаницата е резиме на Евангелието, пред очите ни го доведува животот на Христа Исуса, ни дава буквално да ги дишеме Исусовите тајни, со нив да живееме, со нив да се соживуваме. Кој всушност подобро Го познава и Го љуби Исус од неговата Мајка?
Бројаницата – за набљудување, гледање; Бројаница, нов поглед кон светот. Сфаќање со набљудување, контемплирање, трајно гледање, постојана загледаност во Исуса Христа. Во секое дел од Бројаницата ги набљудуваме петте икони од историјата на спасението. Дваесет тајни, дваесет икони, дваесет клучни моменти од Исусовиот и животот на Богородица, во Евангелието, со чија помош можеме да ја вкусиме Исусовата личност, Емануел, Бог со нас. И тоа со очите на неговата Мајка.
Тоа е поглед низ клучарката, односно клуч кој ни открива и низ кој гледаме подлабоко и подлабоко. Тоа е чиста теологија, не само за студентите по теологија, туку за теологијата за формулираната молитва. Молитва која не е мрмкање, туку продирање, гледање кое не сецира, не раздвојува, туку спојува. Теологија на колена. Не го отфрлува разумот, туку го ослободува. Тоа е вид на писмо на слепите ‘брајово’, кое не ги одвраќа очите ниту разумот, додека зрнцата се лизгат низ нашите прсти.
Секоја Бројаница води право кон Ерусалим и ги впива нашите животи, христијанската егзистенција со Светата земја. Со Бројаницата сме поврзани со сите свети места. Секоја десетка е кратко поклонение кон Исусовата земја, во животот на Марија и Исусовиот живот. Покрај тоа Бројаницата е наједноставната и најмилата молитва од сите молитви. Со Бројаницата е како со леб во устата. Што повеќе го жвакаме и дозволуваме да се раствори, шеќерот се претвора во вистинска сласт. Така е и со Бројаницата. Што повеќе молиме, што почесто, толку е послатка во устата. И тогаш го обликува целиот живот.
Бројаницата – го менува животот и историјата
Редовното молење на Бројаницата го менува човековиот живот. Може да се моли бавно и брзо, во просек 20 тина минути. Може кратко и долго. Се вели дека зрнцата на Бројаницата на Падре Пио му се лизгале низ прстите како пастрмка. Света Мајка Тереза насекаде ја гледаме со Бројаница во раката, на пат, на аеродром, на средби, во осаменост. Секако, може да се моли цела или на половина. Нема пропис, а ниту пак е потребен семинар за молење на Бројаницата. Бројаницата е градина, ружа во која човекот се задржува, шета, го вдишува мирисот на воздухот. Бројаницата е враќање во „еденската градина“. Старите зборувале додека човекот кога со усните ја моли Бројаницата, ангелите продолжуваат да молат, таму каде што ние сме застанале.
Зарем денес би требало да биде поразлично? Важно е, да не пропуштиме да молиме. Да се држиме до Бројаницата како што боксеро во рингот се фаќа за јажето. Бројаницата ни е упориште. Таа не го одзема, туку го дарува времето, мирот, смиреноста, спокојот. Го истерува стравот, нѐ опушта, како медитација. Не прави побожни, а со тек на времето и свети. Не мораме да ја менуваме молитвата, таа нас не менува, ако е вистинска. Бројаницата може да се моли насекаде, сам или со некој, во автомобил, авион, воз. Со бројаницата нема километарски колони, не е досадно да се чека во автомобилот или на аеродромот. Таа дава мир и спокој, смиреност. Бројаницата ја испишуваше христијанската историја. Да се присетиме на Лепанто, опсадата над Виена, поделените Австријци после Втората Светска војна, кога Петар Павличек ја построил милионската „војска“ молители за слобода од надворешните сили, што се случило после десет години војна. Тоа беше прв пат во историјата советските војници мирно да се повлечат од освоените подрачја. Да се присетиме на сите ослободители со Бројаницата околу вратот. Заштитен знак и најсилното оружје во борба за слободата!
Да се моли побожно, дури и кога си изморен, напнат. Бројаницата е како летен дожд на суво тло, го натопува нашиот живот и душа. Го зема стравот, а толку е едноставна. Молитва која со време се преселува и живее. Го менува животот и смртта. Ја има кај покојните замотана околу раката. Нѐ придружува и во живот и во смрт. Бројаницата – посилна од смртта. Сигурен пат преку Марија кон Исус, од Исуса до неговата Мајка – сигурен придружник (Hodegetria) на животниот пат.
Недјелја/к.мк