Раѓање на свети Иван Крстител

Раѓање на свети Иван Крстител

Иван Крстител е еден од најпочитуваните Светци во светот. Црквата, исто како и Пресвета Дева Марија, го празнува исто така и денот на неговото раѓање. Неговиот пророчки повик уште пред да се роди се видел преку месијанските знаци како „воскликот“ пред Марија која дошла во посета на нејзината роднина Елисавета. И самиот Христос го нарече „најголем меѓу родените од жена“.

Иван Крстител е единствениот светец, заедно со Пресвета Дева Марија, на кој му се слави денот на раѓањето овде на Земјата (7 јули). (…) Иван Крстител е заштитник на монасите, го крстил Исус во водите на реката Јордан, завршил со маченичка смрт и е наречен „Претеча“ затоа што го предвестил доаѓањето на Исус Христос. Славен е настанот кога воскликнал од радост во утробата на неговата мајка, Елисавета, кога Марија дошла во посета.

Кој бил Иван Крстител?

Тој е последниот пророк од Стариот Завет и првиот Исусов Апостол, бидејќи сведочел за него уште додека бил жив Исус. Во Евангелието според Лука (1, 5) се вели дека бил роден во едно свештеничко семејство, неговиот татко Захарија бил од редот Авијанов, а неговата мајка Елисавета потекнувала од родот на Арон.

„Чудесното“ раѓање навестено од архангелот Гаврил

Мајка му Елисавета била неплодна и била веќе во години. Еден ден, додека нејзиниот маж Захарија подкадувал во храмот, му се појавил архангелот Гаврил кој му рекол: „Не бој се Захарија, зашто се услиши твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Иван. И ќе бидеш радосен и весел и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање, зашто тој ќе биде голем пред Господа“ и продолжува да ги опишува неговите доблести, дека тој ќе биде исполнет со Светиот Дух, ќе биде делотворен во преобраќањето на Израилот, претеча на Господа со духот и силата на Илија.

После оваа објавување, Елисавета зачнала син на чудење меѓу роднините и познатите; во шестиот месец од нејзината бременост, архангелот Гаврил, „небесниот гласник“ од Бога бил испратен во Назарет да и го навести на Марија мајчинството на Христос: „Светиот Дух ќе слегне на тебе, и силата на Севишниот ќе те осени. Затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. ете и Елисаевта, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста своја, нејзе ѝ е веќе шестиот месец; ништо не е невозможно за Бога“.

Тогаш Марија отиде кај својата роднина Елисавета да ја посети и на нејзиниот поздрав, ја изрецетира најубавата песна „Мојата душа го велича Господа“, за чудесата кои ги направил Бог за спасение на човештвото и додека Елисавета радувајќи се благословуваше, исто така и синот кој го носеше во утробата, заигра од радост. Кога Иван се родил, татко му Захарија кој при објавата на Гаврил остана нем заради неговото неверство, му се врати гласот. Раѓањето се случило во Аин Карим, одалечен околу седум километри на Запад од Ерусалим, град кој може да се пофали со оваа традиција која датира уште од шестиот век, со две светилишта посветени на „Посетата“ и на „Раѓањето“.

Зошто е наречен „Претеча“

Бидејќи со пророчкото делување и проповедувањето го навести доаѓањето на Исус. После својата младост, Иван се повлекол да води тежок  аскетски живот во пустината, носејќи облека од камилски влакна и кожен појас околу половината; неговата храна била скакулци и див мед. Во петнаесеттата година од владеењето на Тивериј (28-29 г.п.Х.), започнала неговата мисија долж реката Јордан, со најавувањето дека царстовото на Месијата е веќе близу, охрабруваше на преобраќање и проповедуваше сите да се покајат.

Од цела Јудеја, од Ерусалим и од целиот регион околу реката Јордан, многу народ се собирал да го слуша бидејќи во него гледале пророк; а Иван во знак на очистување од гревовите и за раѓање на нов живот, ги втурнуваше во водите на Јордан, оние кои го прифаќаа неговиот збор, т.е. им давал покајаничко Крштевање за проштевање на гревовите, и за тоа е наречен Крстител.

Исто така и војниците на царот Ирод Антипа, оделе кај него да го прашат што можат да прават ако нивната професија е лоша и не сакана од народот; а тој одговарал: „Никого не присилувајте, никого не клеветете и бидете задоволни со вашите плати.“ (Лк 3,14).

Многумина почнале да мислат дека тој е долгоочекуваниот Месија, но Иван ги уверувал дека тој е само Претеча: „Јас ќе ве крстам со вода за покајание, но оној кој доаѓа после мене е посилен од мене и јас не сум достоен да му ги одврзам ниту ременчињата на обувките Негови; Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган“.

И на официјалната делегација, испратена од страна на првосвештениците, им рекол дека тој не е Месијата, кој веќе е посреде нив, но тие не го препознале; и додаде „Јас сум гласот на оној кој вика во пустината: пригответе го патот на Господа, како што рече пророкот Исаија“.

FamigliaCristiana/З.А

Категорија: Вера, Духовност

За авторот