Распоред на Папата до крајот на годината

Светиот Отец на 15 ноември во 16 часот ќе ги посети евангелската и лутеранската црква во Рим, стои во објавениот распоред на литургијски славења во септември, октомври и ноември кои ќе ги предводи папата Фрањо.

Од 19 до 28 септември, Светиот Отец ќе ја посети Куба и Соединетите Американски Држави. Во сабота, 3 октомври, на плоштадот Свети Петар со почеток во 19 часот Папата ќе го предводи молитвеното бдение по повод XIV општа редовна епископска Синода посветена на семејството.

Светиот Отец во Ватиканската базилика на 4 октомври со почеток во 10 часот ќе ја предводи светата Литургија за почеток на Епископската Синода. Во недела, 18 октомври, исто така на плоштадот Свети Петар за време на светата Литургија која започнува во 10.15 часот, Светиот Отец ќе прогласи за светци четири блажени, меѓу нив и родителите на света Тереза од Лизие. Во недела, 25 октомври, Папата во базиликата Свети Петар со почеток во 10 часот ќе ја предводи Литургијата за завршеток на Епископската Синода.

На празникот Сите светии, 1 ноември, Папата со почеток во 16 часот ќе служи света Литургија на римските гробишта Кампо Верано. На Задушница, пак, на 2 ноември, во 18 часот ќе ја посети ватиканската крипта и ќе моли на гробовите на своите починати претходници. Во четврток, на 5 ноември, во 11.30 часот ќе служи Литургија задушница за кардиналите и епископите кои починале овие години. Светиот Отец исто така, од 25 до 30 ноември, ќе ги посети Кенија, Уганда и Средноафричката Република.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот