Распоредот на Папата за јануари и февруари

Распоредот на Папата за јануари и февруари

Канцеларијата за Папските литургиски служби го објави распоредот за претстојните ангажмани и прослави кои ги предводи Светиот Отец до почетокот на Великиот пост.

Од 22 до 27 февруари, папата Лав XIV ќе учествува на духовни вежби со Римската курија во Апостолската палата во Ватикан. Ова е еден од настаните вклучени во календарот на Папата за јануари и февруари, објавен од Канцеларијата за Папски литургиски служби.

На 25 јануари, на празникот Преобраќање на Светиот апостол Павле, Папата ќе ја предводи во 17:30 часот Втората вечерна молитва по повод 59. Молитвена осмина за единство на христијаните во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините. Во базиликата Свети Петар, на 2 февруари, на празникот Сретение Господово, Светиот Отец ќе служи светата Литургија во 17:00 часот по повод 30. Светски ден на посветен живот.

Од 18 февруари, Пепелница, на првиот ден од Великиот пост ќе започне со Statio и покајничка поворка во црквата Свети Анселм во 16:30 часот, по што ќе следи светата Литургија со обредот посипување со пепел во базиликата Света Сабина во 17:00 часот. На крајот на февруари ќе учествува на Духовните вежби, кои ќе се одржат во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот