РАЗМИСЛУВАЊА НАД ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА: V Постојка Симеон Киринеец му помага на Исус во носењето на крстот Марко 8, 34-36

V Постојка Симеон Киринеец му помага на Исус во носењето на крстот

Марко 8, 34-36

Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов. Свети Павле вели:„А,мене да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос“ (Галтјаните 6,1-14)

Пиј радосно од чашата Господова, ако сакаш да си негов пријател и ако сакаш да бидеш со него во неговата слава.

Подготви се да ги поднесуваш неволјите и сметај ги како најголема утеха. Утехата остави ја на Бога, со неа нека располага и нека ја излива според својата волја. Страданијата на сегашното време не се ништо во споредба со славата којашто ќе ни се јави, ни тогаш кога сите тие страданија би морал самиот да ги поднесеш.

Кога ќе постигнеш неволјата да ти биде слатка и мила поради Исуса сметај се среќен, бидејќи си го нашол рајот на земјата. Се додека трпението ти е тешко и додека сакаш да избегнеш од него ќе ти биде лошо и насекаде ќе те следи страв од неволјата.

Ако се трудиш да бидеш она што треба да бидеш, да страдаш и умреш, веднаш ќе ти биде подобро и ти ќе го најдеш својот мир. Не ни останува ништо друго освен трпението ако сакаме да го љубиме Исус и верно да му служиме.

Колку луѓе пострадаа за Христовото име. Целта им беше – живот вечен. Награда од Бога. Сите препорачуваат трпение, иако ги има малкумина кои сакаат да трпат.

Знај и тврдо верувај дека твојот живот мора да биде постојано умирање; и што повеќе ќе умреш за себе, толку повеќе ќе оживуваш во Бога. Никој не ќе е во состојба да ги разбере небеските работи, ако не се сложи да ги поднесе противностите поради Христа. На Бога ништо не му е попријатно ниту за тебе поспасоносно на овој свет, освен доброволно да трпиш поради Христа.

И ако би можел да избираш, подобро посакај да трпиш противности поради Него, отколку да се насладиш со многу утехи, зашто тогаш ќе бидеш посличен на Христа.З ашто нашата заслуга и нашиот напредок во усовршувањето не е во пријатноста и во утехите, туку повеќе во поднесувањето на многу потешкотии и неволји.

Ако за спасението на луѓето имаше нешто подобро или покорисно од страдањето, Христос сигурно тоа ќе ни го покажеше и со своите зборови и со својот пример. Но, Тој јасно ги повикува учениците кои одеа по него и сите оние кои сакаат да појдат по него, да го понесат својот крст, велејќи: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрекне од себе си и нека го зеде својот крст и нека оди по мене.“ (Матеј16,24)

Петта постојка нѐ учи: Дозволи да ти се помогне. Исус ни вели: Сите ме напуштија, ме мапуштија и тие кој ги оздравев. И моите најблиски. Со крв и изранет, потресен од средбата со својата Мајка, кога очекував љубов на еден човек го присилија да ми помогне. Очекував помош од милост и љубов спрема Мене, а Симеона го присилија да ми помогне во носењето на крстот.

Тоа е крст – кога немаш никој ќе те сожали и засака. Кога ќе го прифатиш тоа тогаш јас сум Тука, тогаш не си сам.

И уште нешто. Имај храброст да дозволиш некој друг да ти помогне. И јас тоа го дозволив, иако сум Семоќен. Дозволи другите да се појаки, да те бранат, да имаш потреба од другите. Тоа е крст и од него не можеш да побегнеш. Сфати, тоа е врата кон мене. Не чуди се што многумина бегаат и го отфлат овој крст. Духот се бори со телото и телото со духот. Не заборавај! Земи го својот крст и тргни по мене, ќе се сретнеме.

Подготви: о. Д.Т.

Користено и од текстовите на Томислав Иванчиќ, Тргни со мене

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<