Радово: Свештеничка духовна обнова

Радово: Свештеничка духовна обнова

На 6 април 2017 година во просториите на парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово се одржа духовна обнова на која присуствуваа свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија. Покрај поголемиот број свештеници на средбата учество зеде и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.

На духовната обнова предавање одржа о. м-р Сирачев Атанас, парохиски викар во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица на тема: „Исповедта составен дел од свештеничкиот живот и служба“.

По предавањето следуваше кратка дискусија поврзан со темата, а потоа имаше можност за света Исповед, а светата Литургија ја предводеше епископот Стојанов.

На крајот од Литургија присутните свештеници на епископот Стојанов и о. Илија Стојанов, парохиски викар во парохијата „Свети пророк Илија“ -Радово им ја честитаа годишнината од свештеничкото ракополагање.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот