Радово: Духовна обнова за Богопосветени лица
Во сабота на 28 мај 2016 во Радово беше одржана – Духовна обнова за Богопосветени лица. Тоа беше втора средба во Јубилејната Година на Милосрдие, а се одржа во организација на Сестрите Евхаристинки. На Духовната обнова, беше присутен и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој ја предводеше светата Литургија и проповедаше, домашните свештеници, сестрите Евхаристинки, сестрите Усмиленки, сестрите Мисионерки на Љубовта (на Мајка Тереза) и Движењето на Фоколаринки.
Предавање на тема – Милосрдието духовна и материјална придобивка, одржа отец д-р Зоран И. Стојанов. По предавањето имаше благослов со Светото Причастие и можност за света Исповед, по што следуваше светата Литургија, а средбата заврши со заедничко агапе.
к.мк/Наталија Стојанова
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија