Во известувањето на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија од 15 октомври 2025 година упатено до НРДУ Радио Марија Благовест – Струмица се известува дека е прифатено барањето за членството во овој совет, со што Радио Марија станува член Советот за етика во медиумите на Македонија, а медиумот ќе биде внесен во Регистарот на професионални онлајн медиуми (Promedia.mk)
Со ова Радио Марија, само ја потврдува својата заложба и решеност да ги почитува етичките и професионални новинарски стандарди при известувањето.
к.мк
Категорија:
Македонија

