Во текот на процесијата Либанците се молеа за жртвите на тргедијата која го погоди овој град.
На празникот Вознесение на Пресвета Богородица, одржана е процесија со статуата на Пресвета Богородица на улиците на Бејрут на која се молеше за сите жртви на експлозијата која се случи на 4 август.
Празникот на Пресвета Богородица во Либан е државен празник. На тој ден во целата земја традиционално се одржуваат процесии по улиците на градот. Слично беше и оваа година кога жителите на Бејрут излегоа на улиците и заедно се молеа пред статуата на Пресвета Богородица, која стоеше на автомобил. Верниците во процесија носеа запалени свеќи и знамето на Либан.
Процесијата минуваше низ улиците на градот во кој по разорната експлозија во која загинаа повеќе од 200 лица, а повеќе од шест илјади се ранети е преполн со уништени згради и други објекти. Се трага по уште неколку десетина лица.
Во текот на процесијата Либанците се молеа за жртвите на трагедијата, за силата и надежта потребни за обнова на уништениот главен град на таа земја. На крајот од процесијата е одржана света Литургија која ја предводеше маронитанскиот надбискуп во Бејрут Пол Абдел Сатер.
Лаудато/к.мк